Прејди на содржината

Монголски гербил

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Meriones|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Монголски гербил
Див гербил во Монголија
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр):Meriones
Вид:Монголски гербил
Научен назив
Meriones unguiculatus
(Милн Едвардс, 1867)[2]
Зоолошка градина Вилхелма, Штутгарт, Германија.

Монголскиот гербил (Meriones unguiculatus) ― мал глодач кој припаѓа на потсемејството гербили. Големината на телото е типично 110-135 мм, со опашка 95-120 мм и телесна тежина 60-130 г, чии возрасни мажјаци се поголеми од женките.[3] Животното се користи во науката и се чува како милениче со мало живеалиште. Нивната употреба во науката датира од втората половина на 19 век, но тие започнале да се чуваат како домашни миленици во англогласниот свет по 1954 година, кога биле донесени во Соединетите Држави. Сепак, нивната употреба во научните истражувања не била прекината.

Живеалиштеуреди извор

Монголските гербили живеат во пасиштата, грмушките и пустините, вклучително и полупустините и степите во Кина, Монголија и Русија.[4]

Почвата на степите е песочна и е покриена со треви, билки и грмушки. Степите имаат ладни, суви зими и топли лета. Температурата може да достигне до 50 °C (122 °F), но просечната температура за поголемиот дел од годината е околу 20 целзиусови степени.

Во дивината, овие гербили живеат во патријархални групи кои обично се состојат од еден родителски пар, најновиот легло и неколку постари кутриња, понекогаш со нив живеат и сестра (и) на доминантна жена. Само доминантните жени ќе произведат кученца, тие ќе се парат само со доминантно машко додека се во еструс (сексуални задразени), женските гербили се главно поверни од машките. Една група гербили главнно се движи над 325-1,550 квадратни км.

Група живее во средишна дупка со 10-20 излези. Можеби постојат некои подлабоки дупки со само еден до три излези на нивната територија. Овие подлабоки дупки се користат за бегство од грабливци кога се премногу далеку од средишната дупка. Дупката на групата често се меѓуповрзува со други групи.

Историјауреди извор

Првото познато споменување на гербилите се случило во 1866 година, од страна на отец Арман Давид, кој испратил „жолти стаорци“ до Францускиот национален природонаучен музеј во Париз, од северна Кина. Тие биле именувани за Gerbillus unguiculatus од страна на научникот Алфонс Милн-Едвардс во 1867 година.[2]

Постои позната заблуда за значењето на ова научно име, која се појавува и во печатени дела[5] и на мрежните страници,[6] поради родот Meriones кои го споделуваат името со грчкиот воин Мерион во „Илијада“ на Хомер; сепак, преводите како „канџест воин“ не се точни. Родот бил именуван од Јохан Карл Вилхелм Илигер во 1811 година,[7] што произлегува од грчкиот збор мирос (μηρος: бедрена коска). Во комбинација со „unguiculate“, што значи да се има канџи или нокти на латински јазик, името може лабаво да се преведе како „канџест/ноктест бедреник“.[8]

Гербилите станале познати миленичиња во англогласниот свет по 1954 година, кога 20 мажјаци и 26 женки биле донесени во САД од источна Монголија на научно тестирање. Скоро сите миленичиња гербили денес потекнуваат од нив. Гербилите биле доведени во Обединетото Кралство во 1964 година од САД.

Во наукатауреди извор

Гербилите имаат долга историја на употреба во научните истражувања, иако во денешно време тие ретко се користат. На пример, во Обединетото Кралство во 2017 година, само околу 300 монголски гербили биле користени во опитни постапки, во споредба со над 2 милиони глувци.[9]

Слухуреди извор

Гербилите имаат широк опсег на слух, од откривање на со нискочестотнo одзивање на стапало до високо френквентни извици и затоа може да бидат посоодветен модел на губење на слухот кај луѓето отколку глувците и стаорците, кои се специјалисти за висока честота.[10]

Гласуреди извор

Машките гербили можат да создадат ултразвучни звуци со честоти кои се движат од приближно 27 до 35 kHz и амплитуди кои се движат од приближно 0 до 70 dB Нивниот грклан е вклучен во правењето на овие ултразвучни звуци. Експериментацијата открила пет откритија од интерес, а тоа е дека возрасните емитуваат ултразвучни звуци само кога се општествено стимулирани, мажите сигнализираат почесто од женките, доминантните мажи се поактивни во вокализациите од подредените мажи, ултразвуците се активираат од специфични мириси и д-амфетамин, а стимуланс на централниот нервен систем, придонесува за високо ниво на ултразвук и хлорпромазин, антипсихотичен лек, ја намалува стапката на емисија. Покрај тоа, постоеше врска помеѓу ултразвучните звуци и нивната способност да се репродуцираат.[11]

Однесувањеуреди извор

Гербилите се општествени животни и живеат во групи во дивината.[12] Тие се потпираат на нивното чувство за мирис за да ги идентификуваат другите членови на нивниот клан, па затоа е важно да се користи она што вообичаено се нарекува „метод на разделен резервоар“ (или раздвојување) кога се воведуваат гербили од одделни легло.[13] Познато е дека гербилите напаѓаат и често ги убиваат оние кои носат непознат мирис.[14]

Галеријауреди извор

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија