Провлак

Провлак[1][2] — тесно парче земја што поврзува две поголеми копнени пространства кои се инаку одделени и опкружени со вода. Воопштено, провлакот е копнен теснец помеѓу две водни пространства[3].

Сателитска снимка на Суецкиот Канал, кој е прокопан низ провлак

Во географската терминологија на дијалектите на македонскиот јазик провлак означува место меѓу две реки[4], па од таа споредба географски терминот провлак се однесува на (потесно) копно помеѓу две водни пространства.

Провлакот помеѓу Големото и Малото Преспанско Езеро погледната од планината Баба

Најпознати провлаци во светот се Панамскиот и Суецкиот провлак, додека во Македонија провлак постои на разделот помеѓу Големото и Малото Преспанско Езеро, кој е создаван од дејството на ветровите и песочниот нанос од Стара Река (Германска)[5].

Каналите често се градат низ провлаците, поради особената поволност на кратење на поморскиот сообраќај. Така на пример Панамскиот и Суецкиот Канал се изградени на истоимените провлаци кои ги одвојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан и Средоземното и Црвеното Море. Поради оваа особина, провлаците се од особено значење во геополитиката и геостратегијата, што говори за посебниот статус кој го имаат или имале овие места со контрола на странските држави кои се големи светски сили.

Наводи