Прејди на содржината

Жолта треска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолта треска
A TEM micrograph of the yellow fever virus (234,000X magnification)
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците

Жолта треска, историски позната како американска чума или жолта чума,[1] е акутна вирусна болест.[2] Во повеќето случаи симптомите вклучуваат треска, настинка, губење на апетит, гадење, болки во мускулите, особено во грбот и главоболки.[2] Симптомите се подобруваат во рок од пет дена.[2] Кај некои луѓето кои имаат подобрување, се враќа треската, се јавува абдоминална болка и оштетувањето на црниот дроб предизвикува жолта кожа.[2] Ако се случи ова, ризикот од крвавење и проблеми со бубрезите е исто зголемен.[2]

Причина и дијагнозауреди извор

Оваа болест е предизвикана од вирусот на жолта треска и се пренесува преку каснување од женскиот комарец.[2] Може да инфицира само луѓе, други примати и неколку видови на комарци.[2] Во градовите, најмногу се шири од комарците од видот Аедеса еквипти.[2] Вирусот е РНА вирус од родот Флавивирус.[3] Болеста тешко се разликува од други болести, особено во раните фази.[2] За потврдување на сомнителен случај, потребна е анализа на примерок од крвта со полимераза верижна реакција.[4]

Превенција, лекување и прогнозауреди извор

Постојат безбедна и ефикасна вакцина против жолтата треска и некои држави бараат вакцинација за патници.[2] Други напори за спречување на инфекцијата вклучуваат намалување на популацијата на комарците преносители.[2] Во областите каде жолта треска е честа појава а вакцинацијата е невообичаена, важна е рана дијагноза на случаите и имунизација на голем дел од населението за да се спречи појавата.[2] Во случај на инфицираност, следењето е симптоматично без конкретни мерки за ефикасност против вирусот.[2] Смрт се јавува кај половината од луѓето без лекување, кои имаат тешка болест.ref name=WHO2013/>

Епидемиологија и историјауреди извор

Жолтата треска предизвикува 200.000 инфекции и 30.000 смртни случаи секоја година,[2] кои речиси 90% од нив се случуваат во Африка.[4] Речиси една милијарда луѓе живеат во област на светот каде болеста е честа појава.[2] Болеста е честа во тропски предели на Јужна Америка иАфрика, но не и во Азија.[2][5] Од 1980 година, бројот на случаи на жолта треска се зголемува.[2][6] Се верува дека се должи на малкуте луѓе кои се имуни, како луѓето кои живеат во градовите, луѓето кои се движат често и променлива клима.[2] Оваа болест потекнува од Африка, каде што се шири во Јужна Америка преку трговијата со робови во 17 век.[1] Од 17 век, неколку големи епидемии на болеста се случија во Америка, Африка и Европа.[1] Во 18-ти и 19 век, жолтата треска се смета за една од најопасните заразни болести.[1] Вирусот на жолтата треска бил првиот откриен човечки вирус.[3]

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија