Ѓула Животски
Ѓула Животски (25 февруари 1937, Будимпешта – 29 септември 2007, Будимпешта) – поранешен унгарски фрлач на кладиво. Тој освоил златен медал на Олимписките игри во 1968 година, сребрено одличје во 1960 и 1964 година, а завршил петти во 1972 година. Ѓула Животски поставил два светски рекорди: еден во 1965, а другиот на Олимписките игри во 1968 година.[2] Двапати бил избран за унгарски спортист на годината: во 1965 година, по освојувањето на златниот медал на Летната универзијада во Будимпешта, а во 1968 година, за неговиот олимписки златен медал.
Животски во 1969 година | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Унгарска | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 25 февруари 1937 Будимпешта, Hungary | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 29 септември 2007 (на возраст 70) Будимпешта, Унгарија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,90 m | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 102 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Унгарија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | фрлање кладиво | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | Ујпешти, Будимпешта | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | 73,76 m (1968)[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Ѓула Животски од натпреварувањата се повлекол во 1973 година, а подоцна работел во индустријата за облека. Во атлетиката останал вклучен како администратор, станувајќи член на Унгарскиот олимписки комитет и потпретседател на неговиот атлетски клуб Ујпешти ТЕ. Се оженил со Магдолна Комка, олимписки скокач. Еден од неговите синови е десетобоец Атила Животски, а другиот е фудбалер Ѓула Животски Јуниор.[2]
Животски починал од рак во родната Будимпешта, на возраст од 70 години.
Наводи
Надворешни врски
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Харолд Коноли | Светски рекорд во фрлање кладиво за мажи 4 септември 1965 – 15 јуни 1969 | Наследник Ромуалд Клим |
Награди | ||
Претходник Ференц Терек | Унгарски спортист на годината 1965 | Наследник Андраш Балчо |
Претходник Иштван Козма | Унгарски спортист на годината 1968 | Наследник Андраш Балчо |