29 септември

датум
<<септември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
2930
2024

29 септември — 272-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.

Настани:

1938 Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941 Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1941 Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна.
1991 Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“.
1993 Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Родени:

1571 Микеланџело Меризи да Караваџо — италијански барокен сликар.
1758 Хорацио Нелсон — британски адмирал.
1864 Мигел де Унамуно — шпански писател и филозоф.
1881 Лудвиг фон Мизес — австриско-американски економист.
1895 Харолд Хотелинг — американски математичар, статистичар и економист.
1901 Енрико Ферми — италијански физичар.
1904 Николај Алексеевич Островски — руски писател.
1912 Микеланџело Антониони — италијански режисер.
1913 Силвио Пјола — италијански фудбалер.
1922 Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар.
1922 Олга Јевриќ — српска скулпторка.
1935 Џери Ли Луис — американски рокенрол-музичар.
1936 Силвио Берлускони — италијански деловник и политичар.
1939 Џим Бакстер — шкотски фудбалер.
1943 Волфганг Оверат — германски фудбалер.
1943 Лех Валенса — претседател на Полска.
1950 Вилсон Џони — хрватски и југословенски фудбалер.
1953 Анте Чачиќ — хрватски фудбалски тренер.
1956 Себастијан Коу — британски атлетичар.
1960 Џон Паксон — американски кошаркар.
1976 Андриј Шевченко — украински фудбалер.
1984 Пер Мертезакер — германски фудбалер.
1988 Кевин Дурант — американски кошаркар.
1989 Јевхен Конопјанка — украински фудбалер.
1995 Матијас Лесор — француски кошаркар.

Починале:

1902 Емил Зола — француски писател.
1908 Мачадо де Асис — бразилски писател.
1914 Стеван Мокрањац — српски композитор.
1930 Иљја Репин — истакнат руски сликар.
1997 Рој Лихтенштајн — американски сликар.
2010 Тони Кертис — американски глумец.
2015 Фил Вудс — американски џез-музичар.

Празници:

Светски ден на срцето
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица