Маракуја

(Пренасочено од Јадлив Исусов венец)
Маракуја
Цвет на маракујата
Плод на маракујата
Научна класификација
Царство:Растенија
Ред:Малпигиовидни
Семејство:Часовничиња
Род:Часовниче
Вид:Маракуја
Научен назив
Passiflora edulis
Sims, 1818

Маракуја или јадливо часовниче (науч. Passiflora edulis) — ползечки вид од родот часовниче (Passiflora) со потекло од Бразил, Парагвај и Северна Аргентина.

Се одгледува како ароматично овошје во тропските и суптропските краишта, како и Јужна Америка, Средна Америка, Карибите, Африка (каде се нарекува виолетова гранадила), јужна Азија, Израел, Австралија, Хаваи (каде се нарекува лиликои)[1] и САД.

Плодот е топчест до јајцевиден, жолт или темновиолетов по боја со сочна внатрешност и поголем број семки.[1][2] Се јаде самостојно, но и се додава во сокови како додаток за вкус.[3]

Разновидности

Постојат неколку различни разновидности на маракуја со различен изглед.[1] Светложолтата flavicarpa (наречена „златна маракуја“) може да достигне големина на грејпфрут, има мазна и сјајна ровка кора, и во Австралија се користи како присад за виолетовата маракуја.[1] Темновиолетовата edulis е помала од лимон, помалку кисела од жолтата и има побогата арома и вкус.

Неколку разновидности се богати со полифенол,[4][5] а жолтите[6]}} содржат пруназин и други цијаногени гликозиди во лушпата и сокот.[6]

Употреба

Mасло

Од семките на маракујата се добива масло кое содржи линолна киселина (77%), олеинска киселина (15%) и палмитинска киселина (10%). Наоѓа различни примени во производството на козметика и во исхраната.

Хранлива вредност

Маракуја, виолетова, сирова
Енергија406 kJ (97 kcal)
Витамини
Витамин А (екв.)
(8 %)
64 μг
(7 %)
743 μг
Рибофлавин 2)
(11 %)
0,13 мг
Ниацин 3)
(10 %)
1,5 мг
Витамин Б6
(8 %)
0,1 мг
Фолна кис. 9)
(4 %)
14 μг
Холин
(2 %)
7,6 мг
Витамин Ц
(36 %)
30 мг
Витамин К
(1 %)
0,7 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
12 мг
Железо
(12 %)
1,6 мг
Магнезиум
(8 %)
29 мг
Фосфор
(10 %)
68 мг
Калиум
(7 %)
348 мг
Натриум
(2 %)
28 мг
Цинк
(1 %)
0,1 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Свежата маракуја содржи витамин Ц (36%), прехранбени влакна (42%), Б-витамините рибофлавин (11%) и ниацин (10%), железо (12%) и фосфор (10%) како значаен дел од дневната вредност.[7]

Галерија

Поврзано

  • Џиновска гранадила
  • Слатка гранадила
  • Месесто часовниче

Наводи

Надворешни врски