Енциклопедија на живиот свет

слободна и соработна интернет-енциклопедија со задача да ги документира сите 1,9 милиони видови на организми познати за науката

Енциклопедија на живиот свет англиски: Encyclopedia of Life, EOL) — слободна соработна семрежна енциклопедија наменета за документирање на сите 1,9 милиони постоечки видови на организми познати за науката. Порталот се составува од постоечки бази на податоци и со учество на стручни лица и аматери од сите краишта на светот.[2] Целта е да се изгради „бесконечно проширлива“ страница за секој вид, придружена со нагледни материјали како аудио и видео снимки, слики, графикони и текст.[3] Покрај ова, енциклопедијата опфаќа и содржини од Библиотеката на биоразновидносното наследство, која дигитализира милиони страници печатена литература од поголемите природонаучни библиотеки во светот. За проектот се вложени почетни средства од 50 милиони долари, под водство на Мекартуровата и Слоуновата фондација, чиј удел изнесувал 20 односно 5 милиони долари. Преостанатите 25 милиони долари ги доделиле пет важни установи — Филдовиот музеј, Харвардскиот универсзитет, Лабораторијата за морска биологија, Ботаничката градина на Мисури и Смитсоновата установа. Првичниот раководител на проектот бил Џим Едвардс[мртва врска] со развојната екипа на Дејвид Патерсон. Денес, установите-учеснички и дарителите продолжуваат со финансиската поткрепа на EOL.

Енциклопедија на живиот свет
Encyclopedia of Life
Вид место
енциклопедија
Достапно на
СоздавачФилдов музеј
Харварски универзитет
Мекартурова фондација
Лабораторија за морска биологија
Ботанички градини на Мисури
Слоунова фондација
Смитсонова установа
Адресаeol.org
Место на Алексанагативен пораст 66.923 (сеп 2014)[1]
Комерцијалноне
Зачленувањенезадолжителна

EOL е пуштена на 26 февруари 2008 г. и содржела 30.000 записи.[4] Порталот веднаш се стекнал со огромна популарност, до тој степен што морал да се справува со големо преоптоварување во посетеноста (11 милиони посети).[5]

По преработката, порталот е повторно пуштен на 5 септември 2011 г. со нов посредник и нови алатки.[6] Новата верзија е осмислена за да ги задоволи барањата на општата јавност, граѓанските научници, просветните работници и стручните лица, кои барале попривлечен портал со поголема пристапност и лична прилагодливост. Со ова е подобрена неговата употребливост и е овозможено поголемо учество и општење помеѓу корисниците. Друга новина е неговата достапност на повеќе јазици, вклучувајќи го македонскиот.

Во извршниот одбор на проектот членуваат старешини од Атлас на жива Австралија (Atlas of Living Australia), здружената Библиотека на биоразновидносното наследство, Кинеската академија на науките, CONABIO, Филдовиот музеј, Харвардскиот универзитет, Библиотека Александрина, Мекартуровата фондација, Лабораторијата за морска биологија, Ботаничките градини на Мисури, Слоуновата фондација и Смитсоновата установа.[7][8]

Цел и задача

На енциклопедијата веќе има информации за голем број на видови од различни извори, особено за покрупните животни. Собирањето на сите достапни податоци за познатите 1,9 милиони видови во светот ќе потрае 10 години.[9] Во септември 2011 г. EOL имала информации за преку 700.000 вида, заедно со 600.000 слики и милиони страници отсликана литература.[10] Иницијативата работи на основа на класификација (индексирање) на информациите што составени во други потфати, вклучувајќи ги Sp2000 and Обединетиот таксономски информативен систем (ITIS), Каталогот на живиот свет (Catalogue of Life), FishBase и Проектот „Дрво на животот“ (Assembling Tree of Life) of Националната научна фондација (NSF), AmphibiaWeb, „Mushroom Explorer“, „Микроскоп“ и разни други. Во прво време, енциклопедијата се задржува на постоечките видови, но подоцна треба да ги опфаќа и изумрените видови. Се очекува содржините да се прошируваат до недоглед, со оглед на тоа што научниците откриваат по 20.000 нови видови годишно. Покрај тоа, таксономијата постојано изнаоѓа нови начини да вклучи видови откриени со молекуларна анализа, се очекува и пораст во стапката на откривање на видови, особено кај (еу)бактериите, архебактериите и вирусите.

EOL е создадена за да биде стручно прирачно дело што ќе ѝ служи на општата јавност, на љубителите, просветните работници, учениците и студентите, како и на самите научници во целиот свет.[2]

Учество во содржините

Енциклопедијата на живиот свет има стотици соучесници во содржините[мртва врска] од сите делови на светот што споделуваат информации преку подлогата на енциклопедијата.[11] Тука спаѓаат Википедија и Flickr.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица