Писар

(Пренасочено од Ќатип)

Писар[1][2] (арх. дијак, ќатип[3][4] или ќата[5][6]) — древно занимање на човек што знае да чита и пишува.

Историска перспектива

Писар

Во стари времиња, работата на писарот била многу ценета[7] бидејќи имало малку писмени луѓе, а познавањето на азбуката се сметало за голема вештина. Службениците биле државни службеници кои вршеле секретарски и административни задачи како што се кореспонденција, диктат или книговодство, како и работи за пописни и даночни цели. За пишување писарот користел: длето (за глинени, дрвени или камени плочки)[8], јаглен, перо, молив, пенкало, хемиско пенкало (за пишување на хартија).

Модерна улога

Во денешно време, работата на писарот ја врши дактилограф или администратори, стенограф или специјални програми за диктирање.

Во армијата и денес постои професија ќата, која се нарекува уште и четен или штабен евидентичар. Во армијата тој е човек кој се занимава со целосната администрација во некоја воена формација.

Наводи

Литература

Надворешни врски