Данок

Данокот — јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на државните потреби.

Основната функција на даноците е фискална, но многу често тие се користат за постигнување на определени економски и социјални цели. Во современи услови, даноците се користат во остварување на стабилизационата политика и во борбата против инфлацијата, бидејќи со зголемувањето на даноците се намалува куповната моќ на граѓаните.

Елементи

Основни елементи на секој вид данок се:

Даночното оптоварување во земјите на ОЕЦД[1]
ЗемјаВкупни даноци (% од БДП)ЗемјаВкупни даноци (% од БДП)
Австралија31,2Австрија42,6
Белгија45,0Канада33,5
Чешка38,4Данска48,8
Финска44,2Франција43,4
Германија34,7Грција35,0
Унгарија38,1Исланд38,7
Ирска30,1Италија41,1
Јапонија26,4Јужна Кореја24,6
Луксембург37,8Мексико19,0
Холандија37,5Нов Зеланд35,6
Норвешка44,0Полска34,4
Португалија34,5Словачка30,3
Шпанија34,8Шведска50,4
Швајцарија29,2Турција31,3
Обединетото Кралство36,0САД25,5
ЕУ (просек)39,7ОЕЦД (просек)35,9

Видови даноци

Според предметот на оданочувањето, даноците се делат на:

Основната предност на данокот на потрошувачката е тоа што предизвикува помали економски дисторзии во споредба со данокот на доходот, односно не го намалува поттикот на луѓето за работа и за инвестирање. Тоа произлегува оттаму што кај данокот на потрошувачката, заработениот доход не се оданочува сè додека не се потроши. Исто така, данокот на потрошувачката е ефикасен начин на оданочување, зашто може да се примени на широка даночна основа, т.е. со него може да се оданочува сè што се купува. На тој начин, поради пошироката даночна основа, даночната стапка кај овој данок може да биде пониска. Од друга страна, главнито аргумент против данокот на потрошувачката е од политичка природа: поради тоа што даночната стапка е константна, оданочувањето со овој данок значи дека посиромашните луѓе всушност плаќаат повеќе данок во споредба со побогатите луѓе, т.е. данокот на потрошувачката е регресивен по својата природа. Со текот на времето, во развиените земји се забележува тренд на зголемување на значењето на данокот на потрошувачката: така, во 1965 година, овој данок учествувал со 12 % во вкупните даночни приходи (3,5 % во БДП), а во 1992 година неговото учество изнесувало 16 % во вкупните даночни приходи, односно 7 % во БДП.[2]

Учеството на одделните видови даноци во земјите на ОЕЦД (% од вкупните даночни проходи)[1]
ЗемјаДанок на личен доходДанок на добивкаСоцијални придонеси (вработени)Социјални придонеси (работодавачи)Данок на прометДруго
Австралија40,218,20028,513,1
Австрија22,75,413,815,828,214,2
Белгија30,68,09,918,625,07,8
Канада35,110,36,28,525,914,1
Чешка12,712,49,527,031,27,2
Данска50,76,52,30,132,77,7
Финска30,58,14,820,331,74,6
Франција17,06,39,325,325,616,5
Германија22,84,517,619,829,26,1
Грција13,89,413,916,037,19,7
Унгарија17,85,86,323,440,85,8
Исланд36,93,30,28,141,110,4
Ирска27,411,94,89,337,88,8
Италија25,46,95,521,126,414,7
Јапонија17,814,216,217,120,014,6
Јужна Кореја13,614,312,18,636,315,0
Луксембург17,815,312,412,630,411,4
Мексико24,6-16,5-55,53,4
Холандија16,48,218,311,232,014,0
Нов Зеланд41,015,50033,89,7
Норвешка23,522,67,313,029,73,8
Полска12,05,840,9-36,05,2
Португалија15,98,39,321,438,66,5
Словачка9,38,19,428,039,85,4
Шпанија17,79,85,424,428,014,7
Шведска31,46,35,622,525,88,5
Швајцарија34,88,611,411,023,710,5
Турција14,97,38,410,747,711,1
Обединетото Кралство28,78,17,710,432,013,1
САД34,78,711,613,318,313,4
ЕУ (просек)24,68,29,416,630,710,6
ОЕЦД (просек)24,69,68,514,932,310,1

Според лицето кое ги плаќа, даноците се делат на:

  • Индиректни даноци - се оние даноци кои ги плаќа крајниот потрошувач
  • Директни даноци - се оние кои се плаќаат при добивање на материјална корист на некое лице (правно/физичко)

Според даночните стапки, даноците се делат на:

  • Пропорционални
  • Прогресивни
  • Регресивни

Даночен обврзник

Носители на даночната обврска се фирмите и граѓаните.

Даночна основица

Даночна основица е оној обем и износ од предметот на оданочување врз кој се пресметува данок. На пример, данок на добивка се плаќа на остварената добивка во текот годината, а персоналниот данок на доход се плаќа на сите приходи што ги има граѓанинот по сите основи во текот на една година.

Даночна стапка

Тоа е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок од утврдената даночна стапка. Ако даночната стапка е утврдена на 15% тоа значи дека толкав процент од вкупната добивка која се оданочува, треба да се плати како данок на државата.

Најчесто се практикуваат два вида даночни стапки:

  • Пропорционални и
  • Прогресивни.

Плаќањето на данок со пропорционалан стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на имотот или приходот. Кај прогресивната стапка, на поголем износ на имот, приход или добивка, се предвидува повисока стапка, а на помала добивка пониска стапка.

Даночен систем на Македонија

По економското осамостојување на Македонија била преземена сеопфатна даночна реформа. Во 1993 година бил донесени Законот за Управата за јавни приходи, Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка со примена од 1.1.1994 година.

Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]

ГодинаДДВДДПДДВкупно
200321.1763.2707.50331.949
200425.7572.3627.70735.826
200527.0812.8368.09938.016
200627.2404.7108.41440.364
200732.9625.8968.89147.749
200836.1748.5798.69653.449
200935.1784.4358.70748.320
201037.6943.6918.87250.257
201142.2233.8889.51355.624
201238.4683.6559.55351.676
201339.8354.42010.25554.510
201443.8595.06012.32161.240
201541.69412.02412.90966.627
201645.94910.76914.20570.923

Економски ефекти на даноците

Ефекти на данокот на потрошувачката

Промените на даноците на потрошувачката предизвикуваат различни ефекти врз потрошувачкиот вишок и врз даночните приходи во зависност од тоа дали важи законот за константни, опаѓачки или растечки приноси:[4]

  • при константи приноси, данокот предизвикува пораст на цената на производот, опаѓање на потрошувачката и намалување на вишокот на потрошувачот при што загубата на потрошувачкиот вишок е поголема од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.
  • при опаѓачки приноси, данокот повторно предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката; меѓутоа, поради опаѓачките приноси, помалиот обем на производството предизвикува пониски трошоци на производството така што цената ќе се зголеми за помалку од износот на данокот; оттука, намалувањето на вишокот на потрошувачот ќе биде помало од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот не мора да ја намали вкупната благосостојба.
  • при растечки приноси, данокот предизвикува најголема штета за потрошувачите; во овој случај, данокот предизвикува пораст на цената на производот и опаѓање на потрошувачката, а при растечки приноси, помалиот обем на производството го зголемува трошоците на производителите, што води кон уште поголем пораст на цената; оттука, продажната цена расте повеќе од износот на данокот и намалувањето на вишокот на потрошувачот е поголемо од даночните приходи што ги остварува државата; според тоа, во овој случај, воведувањето на данокот ја намалува вкупната благосостојба.

Данокот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Данок“ — расказ на рускиот писател Иван Бунин од 1913 година.[5]
  • „Даночник“ (Taxman) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[6]
  • „Разговор со даночникот за поезијата“ (англиски: Talking with a Taxman About Poetry) — музички албум на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1986 година.[7]

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица