Ќебапче

Ќебапче – валчесто парче од мелено месо, печено на скара [1][2]. Се јавуваат во сите краишта од Балканскиот Полуостров, а особено во краиштата од бивша Југославија кои биле под османлиска власт. Видовите месо од кои се прават ќебапчињата се разликува од место до место, а тоа зависи и од вероисповедта која преовладува во тој крај. Може да се најдат и како вид брза храна во лепиња и со прилози.

Ќебапче
Ќебапчиња
Дел од оброкотглавен оброк
Температура на послужувањетопло
Главни состојкимесо
Ќебапчиња во лепиња

До XX век не биле користени машини за мелење месо, па тоа ситно се сечкало. Се тврди дека сè уште тоа е најдобар начин на ситнење на бидејќи месото останува посочно и не може да загори. На месото му се додаваат зачини, се меси и се истиснува низ вид инка која му го дава карактеристичниот облик и потоа се печи на скара. Посебно се цени доколку скарата се ложи на ќумур од буково или дабово дрво.

Угостителскиот објект во кој се подготвуваат ќебапчињата се вика ќебапчилница[3], а оној што ги прави, пече се вика ќебапчија[4]

Етимологија

Името ќебапче, ќебап изворно потекнува од персискиот збор كباب[5] и во изворниот облик е користен за месо кое не е печено, туку пржено. Употребата на истиот назив во арапскиот јазик најверојатно потекнува од арамејскиот כבבא, кој од своја страна има корен во акадскиот јазик (kabābu – она што е изгорено, испржено, јагленисано) [6]. Во XIV век „ќебап“ се споменува како синоним за персискиот збор tabahajah, јадење кое се состои од испржени парчиња месо. Во средниот век, зборот ќебап почесто се споменува во персискиот јазик, каде во сочуваните готвачи од тоа време се споменува во смисла месни топчиња од мелено пилешко или јагнешко месо. Во поново време називот се асоцира со шиш-ќебап, кој делумно потекнува од арапскиот збор شواء (shiwa), месо од скара.

Историја

Иако коренот на сегашниот назив за ќебапчиња потекнува од неевропски јазици, ова јадење во Европа е присутно од античко време. Најраната верзија на ќебап се спомнува во Стара Грција, уште во VIII век п.н.е. Јадење од месо во облик на „обелиск“[7] се споменува во Хомеровата Илијада[8], Одисеја[9], како и во делата на Аристофан[10], Ксенофонт[11] и Аристотел[12].

Рецепт

Ќебапчињата може да се купат во повеќето месарници спремни за печење. Секоја месарница како и гостилница има свој рецепт за нивно спремање кој се разликува како според видовите употребено месо, нивниот сооднос, така и од нивните додатоци. Главно се употребува јунешко, свинско и јагнешко месо.

Ќебапчињата може да се подготват и во домашни услови, за што постојат доста различни рецепти[13],[14],[15]

Поврзано

Наводи и забелешки

Литература

Надворешни врски