Арапски јазик

јазик

Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) ( или () е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.

Арапски јазик
العربية/عربي/عربى al-ʻarabiyyah/ʻarabī 
al-ʿArabiyyah на пишан арапски.
Изговор/al ʕarabijja/, /ʕarabiː/
Застапен воНајголем дел од државите членки во Арапската лига, но и во Израел, Иран, Турција, Еритреја, Мали, Нигер, Чад, Сенегал, Јужен Судан, Етиопија
Говорници295 милиони  (2010)[1]
Јазично семејство
афроазиско
Стандардни облици
Дијалекти
магрепски арапски дијалект
централни арапски дијалект
северни арапски дијалекти
јужни арапски дијалекти
Писмоарапско писмо
арапска Брајова азбука
сириска азбука
хебрејско писмо
Статус
Службен воСовремениот стандарден арапски јазик е службен во 27 држави[2]
Регулативен орган
Јазични кодови
ISO 639-1ar
ISO 639-2ara
ISO 639-3ara арапски
{{{mapalt2}}}
Употреба на арапскиот јазик како единствен официјален (зелено) или како еден од повеќе официјално јазици (сино).

Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е службен во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.

Арапскиот јазик и Исламот

Доста често арапскиот јазик се поврзува со Исламот. Класичниот арапски јазик е јазикот на кој е напишан Куранот. Сепак, важно е да се напомене дека јазикот не го зборуваат само муслимани, туку и арапски христијани, евреи и ирачки мандаејанци. Иако повеќето од муслиманите во светот не зборуваат арапски, односно не им е мајчин јазик, сепак добар дел од нив можат да го читаат Куранот.

Географска распространетост на варијантите на арапскиот јазик според Ethnologue и други извори:

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица