Ќуркчилер

Ќуркчилер (грчки: Κρήνη, Крини)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Ќуркчилер
Κρήνη
Ќуркчилер is located in Грција
Ќуркчилер
Ќуркчилер
Местоположба во областа
Ќуркчилер во рамките на Бук (општина)
Ќуркчилер
Местоположба на Ќуркчилер во Општина Бук и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°15′N 24°33′E / 41.250° СГШ; 24.550° ИГД / 41.250; 24.550
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаБук
Општ. единицаКараџаќој
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно8
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 56 километри североисточно од градот Драма и на 6 километри источно од центарот на општината, Бук.

Селото се наоѓа на надморска височина од 200 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 62 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Крини.[3] Кон 1928 година селото било целосно бегалско со 17 семејства и вкупно 72 лица[5].

Демографија

Во 1940 година селото броело 155 жители, на пописот од 1951 имало 152 жители, 1961 година во селото живееле 112 жители, во 1971 година имало 75 жители, во 1981 година имало 17 жители, додека во 1991 година имало 22жители[6]. Денеска, населението на селото е 8 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население155152112751722158
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи