Белмужијада

Белмужијада е стопанско-туристичка и културна манифестација која се одржува во Сврљиг (Србија) и е посветена на белмуж. Се одржува од 2006 година, започнува во првиот викенд на август и трае три дена.[1] Покровител на манифестацијата е општина Сврљиг, а организатор е Центарот за туризам, култура и спорт на општина Сврљиг.[2] Се одржува на спортскиот полигон „Пастириште“, покрај Сврљишки Тимок.[3] Манифестацијата во текот на три дена ја посетуваат преку 60.000 луѓе.[4]

Белмуж

Традиционална подготовка на белмуж, во котле

Белмуж е традиционален специјалитет направен од младо овчо, кравјо сирење и проино брашно, кој се сервира топол.[5] Според некои толкувања, белмужот го добил името по белото сирење и по тоа што честопати го подготвувале мажи, затоа што за непрекинато мешање на смесата во казанот потребна е силна машка рака.[6] Белмужот се наоѓа на списокот на нематеријално културно наследство на Србија.[7]

Програма на манифестацијата

Централен настан на манифестацијата е натпреварот во подготовка на белмуж.[8] Програмата на Белмужијата ја сочинуваат и пропратни манифестации како што се избор на најубава овчарка, домашни занаети, стари сврљишки јадења, овчарски игри и културна програма.

За посетителите е подготвена богата музичко-забавна програма, од домашни изведувачи на изворни песни, фолклор од Сврљиг, Ниш, Бугарија, Македонија, Грција, гајдаџии од Србија и околните земји, до концерти на познати пејачи и групи.[5]

Концерти на пејачи

БелмужијадагодинаПејачи кои настапувале на Белмужијада
42009 година.Немања Николиќ
52010 годинаБиљана Јевтиќ и Александар Илиќ, Чеда Марковиќ, Милан Топаловиќ Топалко
62011 годинаАлександар Сања Илиќ и Балканика, Мирослав Илиќ
72012 годинаАна Бекута, Адил Максутовиќ, Саша Матиќ
82013 годинаХарис Џиновиќ, Ацо Пејовиќ
92014 годинаЈасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Весна Змијанац, Тропико бенд
102015 годинаЈасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Биља Крстиќ и оркестарот Бистрик; Амадеус бенд ; Аца Лукас ( Ана Кокиќ, како гостин) [9]
112016 годинаЈасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Медени месец ; Жељко Самарџиќ ; Дејан Матиќ [10]
122017 годинаЈасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, бенд „Долче Вита“; Гоца Тржан (Тодор Китановиќ како гостин); Драгана Мирковиќ [11]
132018 годинаЉуба Лукиќ ; Александар Сања Илиќ и Балканика ; Лепа Брена [12]
142019 година.Бенд „Топол мај“ [б 1] ; Милица Тодоровиќ ; Халид Бешлиќ [13]

Наводи

 

Надворешни врски


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.