Бистрица (Софија)

Бистрица е големо село во Западна Бугарија на 15 километри јужно од Софија. Административно припаѓа во реонот Панчарево дел од Општина Столична. Според пописот во 2006 во селото имало 4.004 жители. Бистрица е едно од најстарите села во областа околу Витоша.

Поглед од туристичката патека помеѓу Бистрица и Железница

Името Бистрица било обележано во картите на Второто Бугарско Царство како тврдина. Во селото постоел средновековен манастир кој бил уништед од страна на отоманската армија во 1393-1396. Помеѓу 1936 и 1946, црквата од манастирот била повторно изградена.

Бистришките баби

Бистришките баби се најпопуларните бистричанки, познати се со изведбата си на архаичен фолклор од Софискиот Шоплук низ целиот свет. Актуелниот шеф им е Дина Колева. Во 2005 година Бистришките баби беа вклучени во списокот на нематеријалното наследство на човештвото на УНЕСКО.