Вестеркерк

Вестеркерк ( холандски: Westerkerk- Западна црква) е протестантска црква во Амстердам. Изградена е во 1620 година, а работите се завршени во 1631 година. Изградена е во ренесансен стил според архитектонскиот дизајн на Хендрик де Кајзер.[2] Црквата се наоѓа меѓу каналите Принсенграхт и Кајзерсграхт.

Вестеркерк
Вестеркерк (2015)
Основни податоци
МестоПринсенграхт 281,[1] Амстердам, Холандија
Координати52°22′28″N 4°53′1″E / 52.37444° СГШ; 4.88361° ИГД / 52.37444; 4.88361
ПрипадностПротестантска црква во Холандија
ОбредКалвинизам
Духовно-организациски статусПарохиска црква
Мреж. местоwww.westerkerk.nl
Архитектонски опис
Архитект(и)Хендрик де Кајзер
Архитектонски стилХоландска ренесанса
Поставен темел1620
Завршен1631

Камбанарија

Камбанаријата Вестерторен (холандски: Westertoren- западна кула) е највисока камбанарија во Амстердам, со висина од 85 метри. На врвот на камбанаријата се наоѓа круна на Австриското Царство која ѝ била дадена на црквата од страна на Максимилијан I Хабсбуршки. Камбаните кои тежат 200 килограми, ги изработил Франсоа Хемони во 1648 година.[3]

Настани и значајност

Вестеркерк се наоѓа во близина на Куќата на Ана Франк, а Ана честопати ја споменува црквата во својот дневник.[4] Во дворот на црквата е поставена статуа на Ана Франк, изработена од Мари Андрисен. На 10 март 1966 година, кралицата Беатрикс (тогашната принцеза) се омажи за Клаус фон Амсберг во Вестерекрк.

Погреби

На осми октомври 1669, во Вестеркерк е погребан Рембрант, но не се знае точното место на гробот. Тука се погребани и неговата љубовница Хендрикје Стофелс и синот Титус ван Рајн. Во црквата се погребани и Говерт Флинк, Мелкиор де Хондекутер, Гилис де Хондекутер, Николас Берхем и Питер де Карпентие. Црковните оргуљи ги украсил Жерар де Лерес.[2]

Галерија

Наводи