Врбица (род)
Врбица (науч. Lythrum) — род од 38 видови на цветни растенија домородни во умерените краишта на светот, припадници на семејството на врбиците (Lythraceae).[3].
Врбица | |
---|---|
Блатна врбица (Lythrum salicaria) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Миртовидни |
Семејство: | Врбици |
Род: | Врбица L.[1] |
Видови | |
Во текстот | |
Синоними | |
Опис
Овие зелјести растенија можат да бидат едногодишни или повеќегодишни. Обично имаат квадратни стебленца, тесни листови без дршки и шилци од ѕвездести цветови со виолетова, розова или бела боја. Виреат особено на калливи места, речни брегови и бари, иако може да се одгледуваати во посуви услови. Блатната (L. salicaria) и стапчестата врбица (L. virgatum) се среќаваат и во градини.[3]
Избрани видови
Еве некои позначајни видови:[1][4][5][6]
|
|
Морфологија
Некои видови врбица се хетеростилни, на пр. тристилната блатна врбица (која се јавува во три облици) .[7]
Екологија
Видовите на родот врбица се храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци како ноќниот пауновец, самрачната совица, готската совица и зелената грбица.
Фосилни наоди
Нјастариот досега пронајден наод од родот е фосилен полен од раниот кампан (пред 82-81 милиони години) во Вајоминг, САД.[8]
Наводи
Надворешни врски
- Врбица (род) на Ризницата ?
- Врбица на Викивидовите ?
- „Врбица“ — Енциклопедија на живиот свет