Вуелта а Еспања 2019

74. издание на велосипедската трка

Вуелта а Еспања 2019 (познато и како: Трка околу Шпанија 2019) — 74. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 24 август и 15 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1] Трката започнала со екипен хронометар во Торевиеха на Коста Бланка, а завршила во Мадрид.[2][3] Покрај во Шпанија, делови од трката се возеле во Андора и во Франција.

Вуелта а Еспања 2019
Детали за трката
Издание74. Вуелта а Еспања
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2019 2.UWT
Етапи21
Датуми24 август – 15 септември
Растојание3.290,7 км
ДржавиESP Шпанија
AND Андора
FRA Франција
ПоаѓалиштеТоревиеха
ОдредиштеМадрид
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај153
Просечна брзина39,587 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникSLO Примож Роглич (Џамбо-Висма)
ВторопласиранESP Алехандро Валверде (Мовистар)
ТретопласиранSLO Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати)
БодовенSLO Примож Роглич (Џамбо-Висма)
ПланинскиFRA Жофри Бушар (АГ2Р Ситроен Тим)
МладинскиSLO Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати)
БорбеностCOL Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим)
ЕкипенESP Мовистар
◀20182020
Документација

Трката била освоена од Примож Роглич, кој бил прв Словенец кој освоил некоја голема трка. На подиумот се качил и Алехандро Валверде како втор од Мовистар Тим и сонародникот на Роглич, Тадеј Погачар од ОАЕ Тим Емирати како трет.

Покрај генералниот, Роглич го освоил и бодовниот пласман. Жофри Бушар од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил планинскиот пласман, додека Погачар го освоил пласманот за млад возач. Мигел Анхел Лопес од Астана бил прогласен за најборбен возач на трката, додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман.

Екипи

Изданието на Вуелта а Еспања во 2019 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Покрај нив, четири професионални континентални екипи добиле специјални покани.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4)

Фаворити пред трката

Победникот на Вуелта а Еспања 2018, Сајмон Јејтс, одлучил да не ја одбрани неговата титула откако возел на Џиро д’Италија 2019 и Тур де Франс 2019. Стевен Краусвајк, Примож Роглич (Тим Џамбо-Висма), Мигел Анхел Лопес, Јакоб Фуглсанг (Астана) и Наиро Кинтана (Мовистар) биле сметани за фаворити пред трката. Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати) и Сем Бенет (Бора-хансгрое) биле сметани за можни етапни победници и фаворити за бодовниот пласман.[6][7] Краусвајк бил на подиумот на Тур де Франс 2019, додека неговиот колега Роглич завршил трет на Џиро д’Италија 2019. Лопес бил на подиум на обете трки, Џиро д’Италија 2018 и Вуелта а Еспања 2018.

Помеѓу учесниците имало тројца поранешни победници: Алехандро Валверде (2009), Фабио Ару (2015) и Наиро Кинтана (2016).

Рута и етапи

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  24 авгТоревиеха – Торевиеха
екипен хронометар
13,4 Астана Казахстан Тим Мигел Анхел Лопес
2  25 авгБенидорм – Калп
среднопланинска етапа
199,6 Наиро Кинтана Николас Роуш
3  26 авгИби – Аликанте
рамна етапа
188 Сем Бенет Николас Роуш
4  27 авгКуљера – Ел Пуиг де Санта Марија
рамна етапа
175,5 Фабио Јакобсен Николас Роуш
5  28 авгЛ’Елијана – Хаваламбре
среднопланинска етапа
170,7 Анхел Мадрасо Мигел Анхел Лопес
6  29 авгМора де Рубиелос – Арес дел Маестрат
среднопланинска етапа
198,9 Хесус Ерада Дилан Тенс
7  30 авгОнда – Лусена дел Сид
планинска етапа
183,2 Алехандро Валверде Мигел Анхел Лопес
8  31 авгВалс – Игуалада
среднопланинска етапа
166,9 Никијас Арнт Никола Еде
9  1 сеп Андора ла Веља Елс Корталс д’Енкамп
планинска етапа
94,4 Тадеј Погачар Наиро Кинтана
10  3 сеп Жирансон – По
индивидуален хронометар
36,2 Примож Роглич Примож Роглич
11  4 сеп Сен Пале – Урдакс
среднопланинска етапа
180 Микел Итурија Примож Роглич
12  5 сепЛос Аркос – Билбао
среднопланинска етапа
171,4 Филип Жилбер Примож Роглич
13  6 сепБилбао – Лос Мачукос
планинска етапа
166,4 Тадеј Погачар Примож Роглич
14  7 сепСан Висенте де ла Баркера – Овиедо
рамна етапа
188 Сем Бенет Примож Роглич
15  8 сепТинео – Сантуарио де Нуестра Сењора дел Асебо
планинска етапа
154,4 Сеп Кус Примож Роглич
16  9 сепПравија – Пуерто де ла Кубиља
планинска етапа
144,4 Јакоб Фуглсанг Примож Роглич
17  11 сепАранда де Дуеро – Гвадалахара
рамна етапа
219,6 Филип Жилбер Примож Роглич
18  12 сепКолменар Виехо – Бесерил де ла Сиера
планинска етапа
177,5 Серхио Игита Примож Роглич
19  13 сепАвилаТоледо
рамна етапа
165,2 Реми Кавања Примож Роглич
20  14 сепАренас де Сан Педро – Платаформа де Гредос
планинска етапа
190,4 Тадеј Погачар Примож Роглич
21  15 сепФуенлабрада – Мадрид
рамна етапа
106,6 Фабио Јакобсен Примож Роглич

Преглед на трката

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2019, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Бонусите биле доделувани на крајот на секоја етапа, освен на хронометарски етапи (1 и 10). Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[8]

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[8]

Бодови за планинскиот пласман
Category1.2.3.4.5.6.
Чима Алберто Фернандес201510642
Специјална категорија1510642
Прва категорија106421
Втора категорија531
Трета категорија321

Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкаста маичка.[8]

Четвртиот поединечен пласман бил пласман за млад возач, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа за секој возач роден на или по 1 јануари 1994 година. Возачот со најмало вкупно време бил предводник на пласманот и ја носел белата маичка.[8]

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[8]

Дополнително постоела и една поединечна награда: наградата за борбеност. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот.[8]

Водство во пласманите по етапа[9]
ЕтапаПобедникГенерален пласман

Бодовен пласман

Планински пласман
Пласман за млад возач
Екипен пласман

Награда за борбеност

1АстанаМигел Анхел ЛопеснедоделенанедоделенаМигел Анхел ЛопесАстанаМигел Анхел Лопес
2Наиро КинтанаНиколас РоушНаиро КинтанаАнхел МадрасоТим СанвебАнхел Мадрасо
3Сем БенетАнхел Мадрасо
4Фабио ЈакобсенСем БенетХорхе Куберо
5Анхел МадрасоМигел Анхел ЛопесМовистар ТимХосе Ерада
6Хесус ЕрадаДилан ТенсХесус Ерада
7Алехандро ВалвердеМигел Анхел ЛопесНаиро КинтанаСерхио Енао
8Никијас АрнтНикола ЕдеДавид де ла Крус
9Тадеј ПогачарНаиро КинтанаЖофри Бушар
10Примож РогличПримож РогличПримож РогличПримож Роглич
11Микел ИтуријаАлекс Аранбуру
12Филип ЖилберФилип Жилбер
13Тадеј ПогачарТадеј ПогачарЕктор Саес
14Сем БенетДиего Рубио
15Сеп КусСерхио Самитер
16Јакоб ФуглсангЖофри БушарАнхел Мадрасо
17Филип ЖилберНаиро Кинтана
18Серхио ИгитаМигел Анхел ЛопесСерхио Игита
19Реми КавањаРеми Кавања
20Тадеј ПогачарТадеј ПогачарТео Гејган Харт
21Фабио Јакобсеннедоделена
На крајПримож РогличПримож РогличЖофри БушарТадеј ПогачарМовистар ТимМигел Анхел Лопес
  • На втората етапа, Дарио Каталдо и Јакоб Фуглсанг, кои биле на второто место во генералниот пласман, ја носеле зелената маичка и сината точкаста маичка соодветно, иако не биле доделени бодови на воведниот екипен хронометар за овие пласман.
  • На втората етапа, Џејмс Нокс, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Мигел Анхел Лопес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 6 и 8, Тадеј Погачар ја носел белата маичка од истата причина.
  • На десеттата етапа, Примож Роглич, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Наиро Кинтана ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 11, 12 и 13, Наиро Кинтана, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 19, Тадеј Погачар ја носел зелената маичка од истата причина.
  • На етапите 14 и 15, Наиро Кинтана, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
  • На етапите 16 и 17, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
  • На осумнаесеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
  • На етапата 19, Тадеј Погачар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапата 20, Тадеј Погачар, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
  • На последната етапа 21, Наиро Кинтана, кој бил петти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак, а четвртопласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес.

Поредок

Легенда
     Го означува предводникот во генералниот пласман     Го означува предводникот во бодовниот пласман
     Го означува предводникот во планинскиот пласман     Го означува предводникот во пласманот за млад возач
     Го означува предводникот во екипниот пласман Го означува предводникот на наградата за најборбен возач

Генерален пласман

Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. Примож Роглич Џамбо-Висма83ч 07' 31
2. Алехандро Валверде Мовистар+ 2' 16
3. Тадеј Погачар ОАЕ Емирати+ 2' 38
4. Наиро Кинтана Мовистар+ 3' 29
5. Мигел Анхел Лопес Астана Казахстан Тим+ 4' 31
6. Рафал Мајка Бора-Хансгрое+ 7' 16
7. Вилко Келдерман Тим ДСМ+ 9' 47
8. Карл Фредрик Хаген Лото-Судал+ 12' 54
9. Марк Солер Мовистар+ 22' 10
10. Микел Ниеве Тим Џејко АИУла+ 22' 17
11. Џејмс Нокс Судал Квик-Степ+ 22' 52
12. Дилан Тенс Бахреин Викториус+ 23' 49
13. Јакоб Фуглсанг Астана Казахстан Тим+ 26' 32
14. Серхио Игита ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 32' 17
15. Херман Пернштајнер Бахреин Викториус+ 33' 23
16. Јон Исагире Астана Казахстан Тим+ 42' 00
17. Рубен Гереиро Катјуша-Алпесин+ 42' 05
18. Никола Еде Кофидис+ 46' 07
19. Естебан Чавес Тим Џејко АИУла+ 52' 46
20. Тео Гејган Харт Инеос Гренадиерс+ 1ч 04' 04
Извор: ProCyclingStats


Планински пласман

Завршен планински пласман (1–10)[9]
МестоВозачЕкипаБодови
1  Жофри Бушар (ФРА) АГ2Р-Ла Мондијал76
2  Анхел Мадрасо (ШПА)Бургос БХ44
3  Серхио Самитер (ШПА)Еускади-Муријас42
4  Тадеј Погачар (СЛО) ОАЕ Тим Емирати38
5  Тео Гејган Харт (ВБР)Тим Инеос35
6  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Инеос31
7  Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим29
8  Серхио Енао (КОЛ)ОАЕ Тим Емирати27
9  Јакоб Фуглсанг (ДАН)Астана24
10  Микел Бискара (ШПА)Еускади-Муријас22

Пласман за млад возач

Завршен пласман за млад возач (1–10)[9]
МестоВозачЕкипаВреме
1  Тадеј Погачар (СЛО) ОАЕ Тим Емирати83ч 10' 09"
2  Мигел Анхел Лопес (КОЛ) Астана+ 1' 53"
3  Џејмс Нокс (ВБР)Декојнинк-Квик Степ+ 20' 00"
4  Серхио Игита (КОЛ)ЕФ Едукејшн Фирст+ 29' 22"
5  Рубен Герејро (ПОР)Катјуша-Алпесин+ 39' 10"
6  Тео Гејган Харт (ВБР)Тим Инеос+ 1ч 01' 26"
7  Килијан Франкини (ШВА)Групама-ФДЖ+ 1ч 08' 47"
8  Оскар Родригес (ШПА)Еускади-Муријас+ 1ч 10' 19"
9  Бен О’Конор (АВС)Тим Дименжн Дата+ 1ч 22' 58"
10  Сеп Кус (САД)Џамбо-Висма+ 1ч 32' 38"

Екипен пласман

Завршен екипен пласман (1–10)[9]
МестоЕкипаВреме
1Мовистар Тим 248ч 26' 24"
2Астана+ 51' 38"
3Џамбо-Висма+ 2ч 03' 42"
4Мичелтон-Скот+ 2ч 26' 47"
5АГ2Р-Ла Мондијал+ 3ч 14' 09"
6Тим Санвеб+ 3ч 20' 01"
7Еускади-Муријас+ 3ч 38' 55"
8Бахреин-Мерида+ 3ч 45' 14"
9Тим Дименжн Дата+ 3ч 55' 52"
10Тим Инеос+ 4ч 00' 34"

Наводи

Извори

Надворешни врски