Португалија

држава во Југозападна Европа

Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Таа е најзападната земја во Континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадејра.

Португалска Република
República Portuguesa (португалски)
Знаме Грб
Химна"A Portuguesa"
„Португалската“
noicon

Главен град
(и најголем)
Лисабон5
38°46′N 9°11′W / 38.767° СГШ; 9.183° ЗГД / 38.767; -9.183
Службен јазик Португалски1
Признаени регионални јазици мирандски
Народности (2011)
Демоним Португалци

(Португалец/Португалка)

Уредување парламентарна република
 •  Претседател Марсело Ребело де Соза
 •  Премиер Антонио Коста
Формирање Општопризнат датум на независност е 1139 
 •  Основање 868 
 •  Реосновање 1095 
 •  Де факто суверенитет 24 јуни 1128 
 •  Кралство 25 јули 1139 
 •  Призната 5 октомври 1143 
 •  Папско признавање 1179 
пристапила во ЕУ 1 јануари 1986
Површина
 •  Вкупна 92,345 км2 (110та)
 •  Вода (%) 0,5
Население
 •  проценка за 2018 г. 10,276,617[1] (88ма)
 •  Попис 2011 10,562,178[2] 
 •  Густина 114 жит/км2 (87ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2006 г.
 •  Вкупен $232.000.000.000 (40та)
 •  По жител $23.464 (2007) (34та)
ИЧР (2013) 0.822[3]
многу висок · 41ва
Валута Евро (€)² (EUR)
Часовен појас ЗЕВ³ (UTC0)
 •  (ЛСВ) ЗЕЛТ (UTC+1)
НДД .pt4
Повик. бр. 351
1. мирандски јазик, кој се зборува во некои села на општината Миранда до Дуро, бил официјално признат во (Lei n.° 7/99 de 29 de Janeiro), оттогаш давајќи му официјално право на користење на мирандскиот на јазичното малцинство кое го засега.[4] Португалскиот знаковен јазик е исто така признат.
2. Пред 1999: Португалско ескудо.
3. Азори: УКВ-1; УКВ во лето.
4. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.
5. Коимбра бил главен град на државата од 1139 до околу 1260

Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.

Историја

Името „Португалија“ само по себе открива делови рани од историјата на оваа земја - таа потекнува од римското име Portus Cale, можна мешавина на грчко и латинско име кое значи "Убаво пристаниште". Просторот на денешна Португалија во текот на историјата бил населуван од страна на многу народи и цивилизации, како Иберите, Келтите, Феникијците, Картагинците, Старите Грци, Германите и Маврите.

Васко де Гама

Португалија во текот на XV век и XVI век успеала да го прошири своето влијание. Славни личности од тие векови се: Фернандо Магелан кој го опколил светот, Бартоломео Дијас кој достигнал до ’Ртот на Добрата Надеж и источниот крај на Африка, Васко де Гама и др. Крајот на XV век, Португалија за првпат во историјата ја изгубила независноста, и тоа под власт на Шпанија преку кое почнало пропаѓање на Португалија како велесила.

Португалија продолжила да ја губи својата политичка и економска сила поради неколку причини, пред сè Лисабонскиот земјотрес од 1755 година, подемот на Наполеон Бонапарт, стекнување на независност на Бразил во 1822 година и граѓанската војна помеѓу либералите и апсолутистите. Во 1910 година била укината монархијата. Во 1975 година Протугалија дала независност на своите преостанати колонии.

Португалија е една од основачите на НАТО алијансата, а од 1986 година е член на ЕУ.

Потекло на поимот

Географија и клима

Топографска карта на Португалија

Португалија е држава на западниот и југозападниот дела на Пиринејскиот Полуостров. Граничи со Шпанија на север и исток и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азурите (Açores) и Мадејра. Португалија е една од најтоплите држави во Европа со атлантско-средоземна клима. Пролетта и летото обично се топли а во јули и август температурите се движат од 30–35 °C во централниот дел и до 45 °C во внатрешноста и јужниот дел на земјата. Есента и зимата се врнежливи а температурите достигаат до -5 °C. Снежни врнежи има на повисоките места во планинските предели на север. Средните годишни температури се движат од 13 °C на север и 18 °C на југ. Источниот дел од Португалија е претежно планински, додека западниот е низински. Северниот е планински, каде течат реките Мињо и Доуро.

Државно уредување

Административна поделба

Стопанство

Население, јазик и религија

 
Најголеми градови во Португалија
INE попис 2011
Бр.RegionНас.Бр.RegionНас.

Лисабон

Порто
1ЛисабонЛисабон545,24511КелушЛисабон75,169
Брага

Вила Нова де Гаја
2ПортоСевер237,55912Риу ТинтоСевер64,815
3БрагаСевер189 33113БареироЛисабон63,353
4Вила Нова де ГајаСевер186,50314АвеироЦентар60,058
5АмадораЛисабон175,13615ВизеуЦентар57,975
6КоимбраЦентар143,05216ОдивелашЛисабон56,847
7ФуншалМадејра111,54117ЛеиријаЦентар50,533
8СетубалЛисабон98,13118МатузињушСевер49,486
9АлмадаЛисабон96,40419ГимараешСевер47,588
10Агуалва-КасенЛисабон79,80520ФаруАлгарве47,575
Португалки во народни носии

Култура во Португалија

Религија

Верници во Португалија
Католици
  
79,3 %
Други Христијани
  
2,2 %
Муслимани
  
0,33 %
Евреи
  
0,07 %
Други или нерелигиозни
  
12 %

Најголема религија во Португалија е Римокатоличката. Околу 84% од населението се католици, но само околу 19% присуствуваат редовно на неделните литургии. Сепак, голем број од Португалците сакаат да бидат крстени, оженети во црквата и слично[5]. Иако црквата и државата формално биле разделени за време на Првата Португалска Република (1910-1926), со уставот од 1976 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во португалското општество и култура. Многу португалски празници, фестивали и традиции, имаат религиозно потекло. Иако црквата и државата се формално одвоени, Католичката црква сè уште добива одредени привилегии во земјата.

Денеска, најголемиот дел од португалското население е римокатоличко, односно 84.5% од вкупниот бој на населението се католици, а околу 2.2% припаѓаат на други христијански организации[6].

Музика во Португалија

Спорт во Португалија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица