Генадиј (охридски архиепископ)

Генадиј бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1285 до 1290 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Генадиј
Архиепископ од1285
Архиепископ дооколу 1289
ПретходникЈаков I
НаследникМакариј I
Роден13 век
Починал13 век
Други архиепископи со име Генадиј

За неговото дело е малку познато, но на охридскиот престол се качил благодарение на царот Андроник II Палеолог. Малку подоцна тој ја напуштил својата функција и се вратил во Цариград, каде во 1289 година бил еден од кандидатите да стане Цариградски патријарх.

Наводи