Добривое Видиќ

Добривое Видиќ (Чачак, Кралство СХС, 24 декември 1918Белград, Србија, СФРЈ 3 март 1992) — припадник на младинското и комунистичкото движење. Учесник во НОВ на Македонија и Југославија.[1]

Добривое Видиќ
Роден24 декември, 1918 година
Чачак, Кралство СХС
Починал3 март, 1992 година
Белград, Србија, СФРЈ

Животопис

Бил член на СКОЈ од 1938 година, а на КПЈ од 1939 година. Бил секретар на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија и член на Покраинскиот комитет на Комунистичката Партија во Македонија од 1940-1941.[1] Во април 1940 година се формирал Покраински комитет на КПЈ за Македонија во состав: политички секретар:Методи Шаторов — Шарло, оргакизационен секретар: Петар Ивановски, членови: Коце Стојановски, Добривое Видиќ и Орде Николов.[2] Од летото 1941 година учествувал во НОВ на територијата на Војводина.[1]

Во една белешка на бугарскиот амбасадор во Белград, Рајко Николов, од 4 јуни 1978 година, соопштува за говорот на Добривое Видиќ кој остро ги нападнал бугарските позиции со зборовите: „Тој ни припишува територијални претензии не само кон Македонија туку и кон делови од Србија. Антибугарската пропаганда се засилува. Всушност се распалува бугарофобијата. Нас, Бугарите, нѐ претставуваат како олицетворение на злото. Се создава атмосфера во која луѓето овде се плашат да комуницираат со нас…“ [3]

Наводи