3 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

3 март — 62-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (63-и во престапна година). Остануваат 303 денови до крајот на годината.

Настани:

1822 Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1878 По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија.
1918 Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна.
1944 Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион.
1974 Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица.
1996 Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори.
2002 Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации.

Родени:

1847 Александар Грахам - Бел — американски пронаоѓач - физичар, творец на телефонот.
1872 Борис Дранговофицер и воен теоретичар на бугарската армија.
1876 Марија Георгиевна — принцеза на Грција.
1895 Рагнар Фриш — норвешки економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година.
1898 Харалампие Манчев — македонски медицински научен истражувач.
1898 Растко Петровиќ — српски писател, дипломат и критичар.
1906 Артур Лундквист — шведски писател, критичар и преведувач.
1911 Џин Харлоу — американска филмска глумица.
1915 Страшо Пинџурнароден херој на Македонија.
1922 Нандор Хидекути — унгарски фудбалер.
1925 Рима Маркова — советска и руска глумица.
1947 Џенифер Ворнс — американска пејачка.
1947 Оскар Табарез — уругвајски фудбалер и тренер.
1953 Јагода Михајловска - Георгиева — македонска писателка и есеистка.
1953 Артур Антунеш Коимбра, познат како „Зико“ — бразилски фудбалер и тренер.
1956 Збигњев Боњек — полски фудбалер.
1958 Миранда Ричардсон — англиска глумица.
1959 Душко Вујошевиќ — српски кошаркарски тренер.
1962 Џеки Џојнер-Керси — американска атлетичарка.
1965 Мендух Тачи — македонски политичар, претседател на „Демократската партија на Албанците (ДПА)“
1967 Зоран Коњановски — македонски политичар.
1975 Шеваљ Етхеми — поранешен член на ОНА.
1981 Ласло Наѓ — унгарски ракометар.
1986 Мехмет Топал — турски фудбалер.
1991 Виктор Елијас — шпански глумец и пејач.
1991 Андреас Волф — германски ракометар.
1993 Мијајло Марсениќ — српски ракометар.
1993 Антонио Ридигер — германски фудбалер.
1998 Џејсон Тејтум — американски кошаркар.

Починале:

1605 Климент VIII — римски папа.
1703 Роберт Хук — англиски научник.
1878 Јанка Каневчева — македонска револуционерка.
1959 Лу Костело — американски глумец.
1996 Маргарит Дирас — француска писателка.
2005 Ринус Михелс — холандски фудбалер и тренер.
2008 Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач, тенор.
2009 Јан Владислав — чешки писател.
2010 Момо Капор — српски и југословенски писател, новинар и сликар.
2017 Рејмон Копа — француски фудбалер.

Празници:

Национален празник на Република Бугарија
Ден на Општина Тетово
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица