Елдгјау

вулкан на Исланд

Елдгјау (исландски: Eldgjá, „огнена клисура“) — вулкан и кањон во Исланд. Овој, и вулканот Катла се дел од истиот вулкански систем на југот од земјата.

Елдгјау
Кањонот Елдгја
Највисока точка
Надм. вис.варира: кањон до 800 метарs (2,625 ст)
Заведена какоСписок на вулкани во Исланд
Координати63°58′00″N 18°36′33″W / 63.96667° СГШ; 18.60917° ЗГД / 63.96667; -18.60917
Географија
Елдгјау на карта

Карта

МестоИсланд
Геологија
ВидВулкански вентил на Катла
Последен избув934

Сместен помеѓу Ландманалаугар и Киркјубејарклаустур, Елдгјау е најширокиот вулкански кањон на светот, приближно 40км долг и 600 метри широк. Тој бил откриен од Торвалдур Тородсен во 1893.

Првата документирана ерупција во 934 (или 939) [1] била најголемата базалтна поплава во историјата. Лавата се протега на 800 км2.[2] Се проценува дека 18 км3 на магма истекла од земјата.[3]

Во кањонот има водопад кој се нарекува Оуфајруфос. Природен мост преку водопадот исчезнал во 1993 поради преголемата вода од топењето на мразот.

Северниот дел на Елдгјау, вклучително Оуфајруфос и околината, бил дел од Националниот парк Ватнајекидл до 2011.[4]

Историја

Во неговата оригинална форма, пукнатината потекнува од голема историска еруппција во вулканскиот систем на Катла која започнала во 934[5]. За шест години ерупција, истекло 19,5 км3 на површина од 781 км2.[5] Количината произведена тефра се проценува на 1,5 км3 а производството на сулфур диоксид на 219 милиони тони.[5] Во Исланд, овој голем вулкански настан е веројатно второ најголемо базалтско таложење во Холоценот после тоа на Тјоурсау.

Библиографија

Извор

  • Guðmundsson, Ari Trausti (1996). Volcanoes in Iceland (англиски). Рејкјавик: Vaka - helgafell. стр. 136. ISBN 9979-2-0348-X.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски