Емре Мор

Емре Мор (турски: Emre Mor; 24 јули 1997) — турско-дански професионален фудбалер кој игра како крило за шпанскиот клуб Селта Виго и Турската репрезентацијата.

Емре Мор

Потекло

Emre Мор е роден и израснат во Копенхаген во предградието Бренсхеј, во Данска од турски татко и мајка, која пак е по потекло од Македонија.[1][2][3] Тој е поддржувач на Галатасарај.[4] Мор говори дански и англиски. Тој не може да зборува турски.[5]

Клупска кариера

Рана кариера

На возраст од 16 години, во декември 2013, Мор бил на пробем тренинг во Сент-Етјен, но не добил договор.[6]

ФК Нордселанд

На 31 јануари 2015 година било потврдено дека Мор потпишал договор со ФК Нордселанд,[7]

Мор на 28 ноември 2015 година го одиграл деби натпреварот.[8]

Борусија Дортмунд

При крајот на 2015 година Мор е поврзана со ФК Борусија Дортмунд.[9] Дортмунд го потврдил потпишувањето на договорот на 7 јуни 2016 година,[10] Тој имал 12 настапи во Лигата на Шампионите за Борусија Дортмунд во текот на 2016-17.

Селта Виго

На 29 август 2017, Мор потпишал за шпанскиот клуб Селта Виго.[11]

Статистика

Клубови

Според податоците од 13 март 2018.
КлубСезонаЛигаКуп1Други2Континентално3Вкупно
Пој.Гол.Пој.Гол.Пој.Гол.Пој.Гол.Пој.Гол.
Нордселанд2015-16132132
ФК Борусија Дортмунд2016-17121301030191
Селта Виго2017-1823140271
Вкупно во кариерата484701030554

Меѓународно

[12][13]

Фудбалска репрезентација на Турција
ГодинаПојавувањеГолови
201680
201771
Вкупно151

Наводи

Надворешни врски