Фудбалска репрезентација на Турција

Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција (Türkiye Futbol Federasyonu (TFF)).

 Турција
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Турција
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторТурција Фатих Терим
КапитенАрда Туран
Најмногу настапиРушту Речбер (120)[1]
Најдобар стрелецХакан Шукур (51)[1][2][3]
ФИФА кодTUR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (ноември 2013)[4]
Највисок5 (јуни 2004)
Најнизок67 (октомври 1993)
Прв меѓународен натпревар
 Турција 2–2 Романија 
(Истанбул, Турција; 26 октомври 1923)[5][6]
Најголема победа
 Турција 7–0 Сирија 
(Анкара, Турција; 20 ноември 1949)Јужна Кореја Јужна Кореја 0–7 Турција 
(Женева, Швајцарија; 20 јуни 1954)
 Турција 7–0 Сан Марино 
(Истанбул, Турција; 10 ноември 1996)
Најлош пораз
 Полска 8–0 Турција 
(Хожов, Полска; 24 април 1948)
 Турција 0–8 Англија 
(Истанбул, Турција; 14 ноември 1984)
 Англија 8–0 Турција 
(Лондон, Англија; 14 октомври 1987
Светско првенство
Учества2 (првпат во 1954)
Најдобар резултат3. место 2002, 2002
Европско првенство
Учества3
Најдобар резултатполуфинале, 2008
Куп на Конфедерации
Учества1 (Прво во 2003)
Најдобар резултат3. место, 2003

Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002. Меѓутоа, пред почетокот на првенството 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.

На Европските првенства учествувала 3 пати. Најдобриот резултат им е полуфиналето од 2008. Исто така, турската репрезентација има учествувано шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на игрите во 1948 и 1952 стигајќи до четвртфиналето.

Во 2003 година после откажувањето на Германија, Турција за првпат настапила на Купот на конфедерации и исто како и година дена претходно на Светското првенство го освоила третото место.[7]

Историја

Детал од првиот историски натпревар Турција - Романија 2-2

Својот прв историски натпревар Турција го одиграла на 26 октомври 1923 година против Романија.[8] Првиот официјален натпревар Турција го одиграла на 25 мај 1924 на Олимписките игри против Чехословачка.[9]

Со победата од 7-0 над Сирија, Турција обезбедила учество на Светското првенство 1950, но поради финансиски проблеми го откажала учеството во Бразил. Четири години подоцна Турција повторно се квалификувала за Светско првенство, играјќи бараж против Шпанија. Во првиот натпревар Шпанија победила со резултат 4-1, но во реваншот Турција била подобра со 1-0. Тогашните правила биле такви да ниту една од двете репрезентации не се квалификувала за Светско првенство 1954, па било одлучено со фрлање на паричка. После подобрата среќа во фрлањето на паричката, при извлекувањето на групите Турција немала среќа. Добиле група во која противници им биле Западна Германија, Унгарија и Јужна Кореја. По тогашните правила секоја репрезентација во групата морала да одигра натпревар со две противнички репрезентации. Во таквиот систем Турција воопшто не играла против Унгарија. Својот прв натпревар на Светските првенства Турција го доиграла на 17 јуни 1954 година против Западна Германија. Со пораз од Западна Германија 4-1 и победа против Јужна Кореја со убедливи 7-0 Турција ги завршила својте настапи во групата со два освоени бода колку и Западна Германија поради што овие две репрезентации морале да одиграат бараж за да се одлучи кој ќе помине понатаму. Во баражот Западна Германија ја победила Турција со резултат 7-2. Во 1956 година Турција одиграла Пријателски натпревар против една од тогаш најсилните светски репрезентации, репрезентацијата на Унгарија во Истанбул и победила со 3-1.

Без оглед на уведувањето на државното првенство, и натапите на турските клубови во европските натпреварувања, периодот од 1960 до 1990 година бил разочарувачки за турската репрезентација. Во тој период репрезентацијата ги претрпела својте највисоки порази со 8-0 против Полска и двапати против Англија.

Од почетокот на 90-тите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредн работа на светот, а првите видливи резултати дошле во 1996 со пласманот на Европското првенство во Англија. Таму завршиле со нула бодови и три порази во групата од Хрватска, Португалија и Данска.

Во меѓувреме не успеале да се пласираат на Светското првенство 1998 во Франција, но затоа повторно се квалификувале за првенство на стариот континент играно во Холандија и Белгија во 2000. Таму успеале да ја минат групната фаза завршувајќи како втори во конкуренција на Италија, Шведска и Белгија и да стигнат до четвртфиналето каде биле елиминирани од Португалија.

Фудбалската репрезентација на Турција (2016)

На Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија, Турција го освоила фантастичното трето место. Ја поминале групата во која биле уште Бразил, Костарика и Кина, а потоа ја совладале Јапонија, и Сенегал. Во полуфиналето загубиле од Бразил, а во натпреварот за трето место го победиле домаќинот Јужна Кореја со 3-2.

Во 2008 година стигнале до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Турската репрезентација најпрво ја минала групата во која се наоѓале неколку силни репрезентации како Португалија, Чешка и Швајцарија, а во четвртфиналето ја елиминирала Хрватска по продолженија. Во полуфиналето биле поразени од Германија.

Хакан Шукур е најдобриот и најпопуларниот играч на сите времиња. Има постигнато речиси 200 гола во турската лига. Вешт и брз со својата висина, беше еден од најдобрите играчи во скок-играта на светот. Постигнал 51 гол за репрезентацијата и неприкосновено го држи рекордот за најдобар стрелец на турската репрезентација.

Настапи на големите турнири

Настапи на Светските првенства

Светско првенствоКвалификации за
Светско првенство
Домаќин/ГодинаРундаПоз.ОНПНЗДГПГОНПНЗДГПГ
1930Не учествувалеНе учествувале
1934Се повлеклеСе повлекле
1938Не учествувалеНе учествувале
1950Се квалификувале но се повлекле110070
1954Групна фаза931021011311146
1958Не учествувалеНе учествувале
1962Не се квалификувале420244
19666105419
19704004213
1974622253
1978621395
19828008122
19868017224
199083141210
1994103161119
19988422219
2002Полуфинале3741210612831248
2006Не се квалификувале147522713
2010104331310
201410514169
2018Ќе учествуваат во квалификациитеЌе учествуваат во квалификациите
2022
Вкупно2/20105142017118432154162174

Настапи на Европските првенства

Европски првенства
ГодинаРундаПозицијаОНПНЗДГПГ
1960Не се квалификувале
1964
1968
1972
1976
1980
1984
1988
1992
1996Групна фаза15-ти300305
2000Четвртфинале6-ти411234
2004Не се квалификувале
2008Полуфинале3ти-4ти521**289
2012Не се квалификувале
2016Квалификувани
ВкупноПолуфинале3/14123271118

Настапи на Купот на конфедерации

ФИФА Куп на конфедерации
ГодинаРундаПозицијаОНПНЗДГПГСостав
1992Не се квалификувале
1995
1997
1999
2001
2003Трето место3-ти521288Состав
2005Не се квалификувале
2009
2013
ВкупноТрето место1/9521288-

Играчи

Моментален состав

Бр.Поз.ИграчГод.НастапиГоловиКлуб
1ГМВолкан Демирел27 октомври 1981(1981-10-27)(42 г.)630 Фенербахче
12ГММерт Ѓунок1 март 1989(1989-03-01)(35 г.)60 Бурсаспор
23ГМВолкан Бабакан11 август 1988(1988-08-11)(35 г.)100 Истанбул Башакшехир
3ОДХакан Балта23 март 1983(1983-03-23)(41 г.)432 Галатасарај
18ОДЏанер Еркин4 октомври 1988(1988-10-04)(35 г.)422 Фенербахче
4ОДСердар Азиз23 октомври 1990(1990-10-23)(33 г.)81 Бурсаспор
22ОДЕрсан Ѓулум17 мај 1987(1987-05-17)(36 г.)70 Бешикташ
2ОДШенер Озбајракли23 јануари 1990(1990-01-23)(34 г.)50 Фенербахче
13ОДЕмре Ташдемир8 август 1995(1995-08-08)(28 г.)20 Бурсаспор
10СРАрда Туран30 јануари 1987(1987-01-30)(37 г.)8514 Барселона (капитен)
15СРМехмет Топал3 март 1986(1986-03-03)(38 г.)520 Фенербахче
8СРСелчук Инан10 февруари 1985(1985-02-10)(39 г.)488 Галатасарај
11СРГекан Торе20 јануари 1992(1992-01-20)(32 г.)260 Бешикташ
21СРОлџај Шахан26 мај 1987(1987-05-26)(36 г.)192 Бешикташ
16СРАлпер Потук8 април 1991(1991-04-08)(33 г.)110 Фенербахче
5СРХакан Чалханоглу8 февруари 1994(1994-02-08)(30 г.)134 Бајер Леверкузен
14СРОгужан Озјакуп23 септември 1992(1992-09-23)(31 г.)131 Бешикташ
20СРВолкан Шен7 јули 1987(1987-07-07)(36 г.)120 Фенербахче
7СРЈасин Озтекин19 март 1987(1987-03-19)(37 г.)10 Галатасарај
6СРОкај Јокушлу9 март 1994(1994-03-09)(30 г.)00 Трабзонспор
9НПБурак Јилмаз15 јули 1985(1985-07-15)(38 г.)4219 Галатасарај
19НПУмут Булут15 март 1983(1983-03-15)(41 г.)3810 Галатасарај
19НПМевлут Ердинч25 февруари 1987(1987-02-25)(37 г.)338 Хановер 96
24НПЏенк Тосун7 јуни 1991(1991-06-07)(32 г.)30 Бешикташ

Статистика на играчите

Играчи со најмногу настапи

Играчите во болд се сè уште активни.[10]

#ИмеКариераНастапиГолови
1Рушту Речбер1994–20101200
2Хакан Шукур1992–200711251
3Булент Коркмаз1990–20051023
4Тугај Керимоглу1990–2007942
5Емре Белозоглу2000-949
6Алпај Озалан1995–2005904
7Арда Туран2006-8515
8Хамит Алтинтоп2004-827
9Тунџај Шанли2002-20108022
10Огун Темизканоглу1990–2002765

Најдобри стрелци

Играчите кој имаат еднаков број на голови се подредени под хронолошки редослед според времето по кое настапувале. Играчите во болд се сè уште активни.[11]

#ИмеКариераГоловиНастапи
1Хакан Шукур1992–2007
51
112
2Тунџај Шанли2003–2010
22
80
3Лефтер Кучукандонјадис1948–1963
21
46
4Метин Октај1956–1968
19
36
Џемил Туран1969–1979
19
44
Нихат Кахвечи2000–2011
19
68
Бурак Јилмаз2006–
19
42
8Арда Туран2006–
15
85
Зеки Риза Спорел1923–1932
15
16
10Ертугрул Саглам1993–1998
11
26
Ариф Ердем1993–2004
11
60

Селектори

Последна измена: 8 ноември 2015.[12]

Моментален селектор на Турската репрезентација е Фатих Терим кому ова му е вкупно четврти мандат на селекторската клупа. Во досегашната историја репрезентацијата на Турција ја воделе вкупно 42 селектори и токму Фатих Терим е рекордер по бројот на натпревари на позицијата селектор. Селекторската функција ја обавувал во преку 100 натпревари.

СелекторОдДоВНПНИИДГПГ%
Али Сами Јен26. 10. 1923.26. 10. 1923.10102200.0
Били Хантер25. 5. 1924.12. 9. 1926.12507212941.7
Бела Тот17. 7. 1927.17. 4. 1932.8215142425.0
Фред Пањам22. 4. 1932.4. 11. 1932.20023700.0
Џејмс Донели12. 7. 1936.1. 8. 1937.301241000.0
Игнац Молнар23. 4. 1948.30. 5. 1948.21013250.0
Улви Јенал2. 8. 1948.5. 8. 1948.21015350.0
Пет Молој28. 11. 1948.20. 5. 1949.53029860.0
Џихат Арман20. 11. 1949.20. 11. 1949.110070100.0
Пет Молој28. 5. 1950.28. 10. 1950.21017650.0
Џими Мекормик3. 12. 1950.10. 6. 1951.21014550.0
Реби Еркал17. 6. 1951.21. 11. 1951.32013366.7
Садри Усуоглу1. 6. 1952.8. 6. 1952.20111500.0
Сандро Пупо25. 5. 1952.23. 6. 1954.9324182133.3
Гундуз Килич17. 10. 1954.17. 10. 1954.10011500.0
Жарко Михајловиќ3. 4. 1955.26. 6. 1955.20201100.0
Џовани Варљиен18. 12. 1955.01. 05. 1956.52038916.7
Џихат Араман01. 05. 1956.25. 11. 1956.20202200.0
Лашло Шекели5. 4. 1957.8. 12. 1957.42116450.0
Леандро Ремондини4. 5. 1958.10. 5. 1959.73316542.9
Игнац Молнар8. 6. 1960.8. 6. 1960.110042100.0
Сандро Пупо27. 11. 1960.16. 5. 1962.10406111040.0
Шереф Ѓоркеј10. 10. 1962.10. 10. 1962.110030100.0
Љубиша Спајиќ25. 11. 1962.16. 12. 1962.41213725.0
Сандро Пупо27. 3. 1963.9. 10. 1964.40220400.0
Џихат Арман27. 9. 1964.20. 12. 1964.31116433.3
Сандро Пупо24. 1. 1965.9. 5. 1965.400421300.0
Доган Андач21. 7. 1965.25. 7. 1965.21103150.0
Сандро Пупо9. 10. 1965.30. 5. 1966.512231020.0
Аднан Сувари12. 10. 1966.17. 1. 1969.17548163229.4
Абдула Гегиќ30. 4. 1969.16. 11. 1969.6303131150.0
Џихат Арман17. 10. 1970.14. 11. 1971.611441716.7
Николае Петреску5. 12. 1971.5. 12. 1971.110010100.0
Чошкун Озари12. 4. 1972.31. 10. 1976.2981110384327.6
Доган Андач17. 11. 1976.17. 11. 1976.10101100.0
Метин Турел16. 2. 1977.5. 10. 1978.132110112215.4
Сабри Кираз29. 11. 1978.15. 10. 1980.12516131541.7
Озкан Сумер3. 12. 1980.25. 3. 1981.20020300.0
Фетхи Демирџан15. 4. 1981.7. 10. 1981.400401200.0
Чошкун Озари22. 9. 1982.4. 4. 1984.175210153629.4
Џандан Тархан6. 9. 1984.14. 11. 1984.511331320.0
Јилмаз Ѓокдел22. 12. 1984.3. 4. 1985.31111333.3
Калман Мешоли1. 5. 1985.28. 8. 1985.20110200.0
Чошкун Озари11. 9. 1985.12. 11. 1986.813431412.5
Мустафа Денизли4. 3. 1987.16. 12. 1987.611461616.7
Тиназ Тирпан16. 3. 1988.15. 11. 1989.11515161245.5
Фатих Терим11. 4. 1990.11. 4. 1990.10010100.0
Сеп Пионтек27. 5. 1990.28. 4. 1993.274815225014.8
Фатих Терим27. 10. 1993.19. 6. 1996.331788473651.5
Мустафа Денизли14. 8. 1996.24. 6. 2000.3111911453835.5
Шенол Ѓунеш16. 8. 2000.18. 2. 2004.50231314725046.0
Унал Караман31. 3. 2004.31. 3. 2004.10102200.0
Ерсун Јанал28. 4. 2004.8. 6. 2005.15843291453.3
Фатих Терим17. 8. 2005.14. 10. 2009.58261814867139.7
Огуз Четин3. 3. 2010.29. 5. 2010.43017375.0
Гус Хидинк1. 8. 2010.15. 11. 2011.16745181543.7
Абдула Авчи17. 11. 2011.20. 08. 2013.18648262633.3
Фатих Терим22. 08. 2013.1190222781.8
Вкупно26. 10. 1923.2. 9. 2014.51719012020767776736.75%

Дресови низ историјата

Класичен домашен дрес
1996-1997 Домашен
1996-1997 Гостински
1998-2000 Домашен
1998-2000 Гостински
2000-2001 Домашен
2000-2001 Гостински
2002-2003 Домашен
2002-2003 Гостински
2003 Домашен
2003 Гостински
2004-2005 Домашен
2004-2005 Гостински
фinco
2006-2007 Домашен
2006-2007 Гостински
2008-2009 Домашен
2008 Гостински
2009 Домашен
2010-2011 Домашен
2010-2011 Гостински

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица