Енеко Тур 2015

издание на Енеко Тур во 2015 година, холандско-белгиска друмска велосипедска трка

Енеко Тур 2015велосипедска друмска етапна трка, која се одржала во Холандија и Белгија помеѓу 10 и 16 август 2015 година. Било 11. издание на етапната трка Енеко Тур и претставувала дваесет и прва трка во сезоната на Светската турнеја.

Енеко Тур 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 21 од 28[1]
Детали за трката
Датум(и)10–16 август[2]
Етапи7
Растојание1.120,7 км
Добитници на наградите
Победник Тим Веленс (БЕЛ)(Лото-Судал)
Втор Грег ван Авермат (БЕЛ)(Ванти-Груп Гобер)
Трет Вилко Келдерман (ХОЛ)(Лото НЛ-Џамбо)

Бодовен Андре Грајпел (ГЕР)(Лото-Судал)
Борбеност Гејс ван Хуке (БЕЛ)(Топспорт Вландерен-Балоас)
ЕкипенЛото-Судал
2014
2016

Енеко Тур е необична трка во сезоната на велосипедизмот: главно е насочени кон класичните возачи отколку кон искачувачите. Првите три етапи биле подобни за спринтерите; четвртата етапа била поединечен хронометар, а последните три етапи биле подобни за класичните возачи. Елија Вивијани (Тим Скај) ја освоил првата етапа и бил првиот возач што ја облекол водечката маичка. Јеспер Аселман (Ромпот) го презел водството на втората етапа поради временските бонуси, пред да ја изгуби на хронометарот од Јос ван Емден (Лото НЛ-Џамбо). Вилко Келдерман (исто од Лото НЛ-Џамбо) го презел водството по петтата етапа, но го изгубил од Тим Веленс (Лото-Судал) следниот ден. Веленс го одбранил своето водство на завршната етапа и стигнал до победа на Енеко Тур втора година по ред; бил бранител на титулата од 2014 година. Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) бил втор, додека Келдерман трет.

Бодовниот пласман го освоил Андре Грајпел (Лото-Судал), а борбениот пласман му припаднал на Гејс ван Хуке (Топспорт Вландерен-Балоас). Лото-Судал го освоил екипниот пласман.

Екипи

Бидејќи Енеко Тур е настан од Светската турнеја, сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат. На три други екипи им биле доделени специјални покани за трката и со тоа била создадена главната група од 20 екипи.[3] Секоја екипа настапила со осум возачи и се создала главната група од 160 возачи; еден велосипедист, возачот на Ванти-Груп Гобер Даниел Ос, се повлекол пред трката поради пад на тренинг, така што 159 возачи ја започнале трката.[4][5]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Распоред

Првите три етапи на трката биле рамни друмски етапи, без категоризирани искачувања. Сите овие етапи се очекувало да бидат идеални за спринтерите, иако накрсните ветрови можеле да ги направат етапите потешки. Одлучувачкиот дел на трката се очекувал да биде со поединечниот хронометар на четвртата етапа. Завршните три етапи на трката се очекувало да бидат идеални за возачите на класици: петтата и шестата етапа била ридести етапи налик на оние на Арденските класици, додека завршната етапа користела патишта на калдрмисаните класици.[6][7] Една промена во правилата во 2015 година била воведувањето на „златниот километар“, низа на три средни спринтови на секоја друмска етапа на околу 20 километри пред целта. Првите тројца возачи на секој од овие средни спринтови добивал бонус секунди во генералниот пласман. Ова било примена на системот од Трката околу Белгија 2015, каде системот на златниот километар одиграл улога во победата на Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер).[8]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  10 авгБолсвард – Болсвард
рамна етапа
183,5 Елија Вивијани Елија Вивијани
2  11 авгБредаБреда
рамна етапа
180 Андре Грајпел Јеспер Аселман
3  12 авг Беверен – Ардоје
рамна етапа
171,9 Том Бонен Јеспер Аселман
4  13 авгХогерхејде – Хогерхејде
индивидуален хронометар
13,9 Јос ван Емден Јос ван Емден
5  14 авг Римст – Ситард
ридеста етапа
179,6 Жоан Ле Бон Вилко Келдерман
6  15 авгХерлен Уфализ
ридеста етапа
198 Тим Веленс Тим Веленс
7  16 авг Синт Питерс Леув – Герардсберген
ридеста етапа
188,6 Мануел Квинцијато Тим Веленс

Фаворити пред трката

Тим Веленс (Лото-Судал), победникот на Енеко Тур 2014 (фотографија од Тур де Франс 2015)

Повеќето етапни трки во Светската турнеја се освојувани од силни искачувачи. Енеко Тур е необична бидејќи фаворити за победа се возачите на класици — оние кои имаат силни резултати на Арденските класици и на калдрмисаните класици кои се случуваат во раниот дел на велосипедската сезона.[6]

Бранител на титулата бил Тим Веленс (Лото-Судал), кој го освоил Енеко Тур 2014 на претпоследната етапа.[9] Повторно бил еден од фаворитите, иако Cycling Weekly предвидувал дека ќе му биде дадена помала слобода за напад како бранител на титулата. Еден друг поранешен победник на трката: Ларс Бом (Астана) победил во 2012 година. Бил уште еден силен фаворит во 2015 година, особено што трката вклучувала подолг поединечен хронометар отколку минатите изданија на трката. Други фаворити биле Ники Терпстра (Етикс-Квик Степ), кој бил трет во 2012 година, Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), кој бил во силна форма откако се нашол близу победа на Класика де Сан Себастијан, Филип Жилбер (исто Ванти-Груп Гобер) и Вилко Келдерман (Лото НЛ-Џамбо).[6][7]

Првите три етапи на трката биле рамни и со особено погодни за спринтерите. Познати спринтер на трката биле Андре Грајпел (Лото-Судал), Џакомо Ницоло (Трек Фактори Рејсинг), Елија Вивијани (Тим Скај), Андреја Гвардини (Астана) и Едвард Тенс (Топспорт Вландерен-Балоас).[7]

Етапи

Етапа 1

10 август 2015 – Болсвард до Болсвард, 183,5 км
Резултат од етапа 1
ВозачЕкипаВреме
1  Елија Вивијани (ИТА)Тим Скај4ч 06' 18"
2  Дани ван Попел (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинги.в.
3  Жан Пјер Друкер (ЛУК)Ванти-Груп Гобери.в.
4  Андре Грајпел (ГЕР)Лото-Судали.в.
5  Јонас Вангенехтен (БЕЛ)ИАМ Сајклинги.в.
6  Андреја Гвардини (ИТА)Астанаи.в.
7  Магнус Корт (ДАН)Орика-ГринЕЏи.в.
8  Морено Хофланд (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбои.в.
9  Хосе Хоакин Рохас (ШПА)Мовистар Тими.в.
10  Дилан Груневеген (ХОЛ)Ромпоти.в.
Генерален пласман по етапа 1
ВозачЕкипаВреме
1  Елија Вивијани (ИТА) Тим Скај4ч 06' 18"
2  Дани ван Попел (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 4"
3  Јеспер Аселман (ХОЛ) Ромпот+ 4"
4  Лауренс де Вресе (БЕЛ)Астана+ 5"
5  Нико Денц (ГЕР)Аг2р-Ла Мондијал+ 5"
6  Жан Пјер Друкер (ЛУК)Ванти-Груп Гобер+ 6"
7  Нејтан Хас (АВС) Канондејл-Гармин+ 8"
8  Андре Грајпел (ГЕР)Лото-Судал+ 10"
9  Јонас Вангенехтен (БЕЛ)ИАМ Сајклинг+ 10"
10  Андреја Гвардини (ИТА)Астана+ 10"

Етапа 2

11 август 2015 – Бреда до Бреда, 180 км
Резултат од етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Андре Грајпел (ГЕР)Лото-Судал4ч 12' 52"
2  Јакопо Гварниери (ИТА)Катјушаи.в.
3  Том Бонен (БЕЛ)Етикс-Квик Степи.в.
4  Жан Пјер Друкер (ЛУК)Ванти-Груп Гобери.в.
5  Дани ван Попел (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинги.в.
6  Арно Демар (ФРА)ФДЖи.в.
7  Вјачеслав Кузнецов (РУС)Катјушаи.в.
8  Рој Јанс (БЕЛ)Ванти-Груп Гобери.в.
9  Себастјен Тиржо (ФРА)Аг2р-Ла Мондијали.в.
10  Саша Модоло (ИТА)Лампре-Меридаи.в.
Генерален пласман по етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Јеспер Аселман (ХОЛ) Ромпот8ч 18' 55"
2  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал+ 5"
3  Елија Вивијани (ИТА)Тим Скај+ 5"
4  Дани ван Попел (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 9"
5  Јакопо Гварниери (ИТА)Катјуша+ 9"
6  Гејс ван Хуке (БЕЛ)Топспорт Вландерен-Балоас+ 9"
7  Лауренс де Вресе (БЕЛ)Астана+ 10"
8  Нико Денц (ГЕР)Аг2р-Ла Мондијал+ 10"
9  Жан Пјер Друкер (ЛУК)Ванти-Груп Гобер+ 11"
10  Том Бонен (БЕЛ)Етикс-Квик Степ+ 11"

Етапа 3

12 август 2015 – Беверен до Ардуа, 171,9 км
Резултат од етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Том Бонен (БЕЛ)Етикс-Квик Степ3ч 54' 25"
2  Арно Демар (ФРА)ФДЖи.в.
3  Елија Вивијани (ИТА)Тим Скаји.в.
4  Андреја Гвардини (ИТА)Астанаи.в.
5  Дилан Груневеген (ХОЛ) Ромпоти.в.
6  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судали.в.
7  Ридигер Зелиг (ГЕР)Катјушаи.в.
8  Саша Модоло (ИТА)Лампре-Меридаи.в.
9  Дани ван Попел (ИТА)Трек Фактори Рејсинги.в.
10  Рој Јанс (БЕЛ)Ванти-Груп Гобери.в.
Генерален пласман по етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Јеспер Аселман (ХОЛ) Ромпот12ч 13' 20"
2  Том Бонен (БЕЛ)Етикс-Квик Степ+ 1"
3  Елија Вивијани (ИТА)Тим Скај+ 1"
4  Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Судал+ 5"
5  Едвард Тенс (БЕЛ)Топспорт Вландерен-Балоас+ 6"
6  Дани ван Попел (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 9"
7  Арно Демар (ФРА)ФДЖ+ 9"
8  Јакопо Гварниери (ИТА)Катјуша+ 9"
9  Гејс ван Хуке (БЕЛ)Топспорт Вландерен-Балоас+ 9"
10  Фредерик Вехелен (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 9"

Етапа 4

13 август 2015 – Хогерхејде до Хогерхејде, 13,9 км (ITT)
Резултат од етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Јос ван Емден (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо16' 34"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 5"
3  Адријано Малори (ИТА)Мовистар Тим+ 7"
4  Ларс Бом (ХОЛ)Астана+ 7"
5  Матијас Брендле (АВТ)ИАМ Сајклинг+ 11"
6  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 14"
7  Мануел Квинцијато (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 16"
8  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 20"
9  Мајкл Хепберн (АВС)Орика-ГринЕЏ+ 21"
10  Мајкл Роџерс (АВС)Тинкоф-Саксо+ 21"
Генерален пласман по етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Јос ван Емден (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо12ч 30' 09"
2  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо+ 5"
3  Адријано Малори (ИТА)Мовистар Тим+ 7"
4  Ларс Бом (ХОЛ)Астана+ 7"
5  Матијас Брендле (АВТ)ИАМ Сајклинг+ 11"
6  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 14"
7  Мануел Квинцијато (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 16"
8  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 18"
9  Мајкл Хепберн (АВС)Орика-ГринЕЏ+ 21"
10  Мајкл Роџерс (АВС)Тинкоф-Саксо+ 21"

Етапа 5

14 август 2015 – Римст до Ситард Гелен, 179,6 км
Резултат од етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Жоан Ле Бон (ФРА)ФДЖ4ч 13' 50"
2  Дилан ван Барле (ХОЛ)Канондејл-Гармини.в.
3  Магнус Корт (ДАН)Орика-ГринЕЏ+ 9"
4  Тим Веленс (БЕЛ)Лото-Судал+ 9"
5  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 9"
6  Андре Грајпел (ГЕР)Лото-Судал+ 11"
7  Георг Прајдлер (АВТ)Џајант-Алпецин+ 15"
8  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 27"
9  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 27"
10  Ларс Бом (ХОЛ)Астана+ 27"
Генерален пласман по етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Вилко Келдерман (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо16ч 44' 13"
2  Дилан ван Барле (ХОЛ)Канондејл-Гармин+ 1"
3  Жоан Ле Бон (ФРА)ФДЖ+ 8"
4  Јос ван Емден (ХОЛ) Лото НЛ-Џамбо+ 13"
5  Тим Веленс (БЕЛ)Лото-Судал+ 19"
6  Ларс Бом (ХОЛ)Астана+ 20"
7  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 26"
8  Мануел Квинцијато (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 29"
9  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 29"
10  Мајкл Роџерс (АВС)Тинкоф-Саксо+ 34"

Етапа 6

15 август 2015 – Херлен до Уфализ, 208,6 км
Резултат од етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Тим Веленс (БЕЛ)Лото-Судал5ч 28' 46"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 49"
3  Зимон Гешке (ГЕР)Џајант-Алпецин+ 51"
4  Јан Бакелантс (БЕЛ)Аг2р-Ла Мондијал+ 1' 03"
5  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)Канондејл-Гармин+ 1' 07"
6  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 1' 13"
7  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 1' 13"
8  Фабио Фелине (ИТА)Трек Фактори Рејсинг+ 1' 13"
9  Андриј Гривко (УКР)Астана+ 1' 13"
10  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1' 17"
Генерален пласман по етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал22ч 12' 59"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 1' 03"
3  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1' 17"
4  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 1' 40"
5  Фабио Фелине (ИТА)Трек Фактори Рејсинг+ 1' 48"
6  Мајкл Роџерс (АВС)Тинкоф-Саксо+ 1' 51"
7  Андриј Гривко (УКР)Астана+ 1' 54"
8  Кристофер Јул-Јенсен (ДАН)Тинкоф-Саксо+ 2' 05"
9  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 2' 13"
10  Јан Бакелантс (БЕЛ)Аг2р-Ла Мондијал+ 2' 13"

Етапа 7

16 август 2015 – Синт Питерс Леув до Герардсберген, 193,8 км
Резултат од етапа 7
ВозачЕкипаВреме
1  Мануел Квинцијато (ИТА)Ванти-Груп Гобер4ч 18' 18"
2  Бјерн Лекеманс (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 3"
3  Ив Ламперт (БЕЛ)Етикс-Квик Степ+ 8"
4  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 38"
5  Жилијан Алафилип (ФРА)Етикс-Квик Степ+ 38"
6  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 40"
7  Филипо Поцато (ИТА)Лампре-Мерида+ 40"
8  Јан Бакелантс (БЕЛ)Аг2р-Ла Мондијал+ 42"
9  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 42"
10  Магнус Корт (ДАН)Орика-ГринЕЏ+ 42"
Краен генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1  Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал26ч 31' 59"
2  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 59"
3  Вилко Келдерман (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 1' 17"
4  Филип Жилбер (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 1' 40"
5  Фабио Фелине (ИТА)Трек Фактори Рејсинг+ 1' 48"
6  Андриј Гривко (УКР)Астана+ 1' 54"
7  Мајкл Роџерс (АВС)Тинкоф-Саксо+ 2' 02"
8  Тиш Бенот (БЕЛ)Лото-Судал+ 2' 11"
9  Кристофер Јул-Јенсен (ДАН)Тинкоф-Саксо+ 2' 11"
10  Жилијан Алафилип (ФРА)Етикс-Квик Степ+ 2' 11"

Поредок

Постоеле четири главни пласмани на трката. Првиот бил генералниот пласман, пресметуван преку додавање на времето кое секој возач го извозел на секоја етапа. Се применувале временски бонуси за првите тројца на етапата (10, 6 и 4 секунди на првите тројца возачи) и на трите спринтови „златен километар“ на секоја етапа. На секој од овие спринтови, првите тројца добивале 3, 2 и 1 секунда бонус, соодветно. Возачот со најниско вкупно време бил победник на генералниот пласман. Возачот кој водел во пласманот ја освојувал белата маичка.[10][11]

Постоел и бодовен пласман. На секоја друмска етапа, возачите добивале бодови доколку завршат помеѓу првите десет, а други бодови имало и за средните спринтови. Возачот со најмногу бодови бил предводник на пласманот и ја освојувал црвената маичка. Борбениот пласман бил заснован само на бодовите на средните спринтови; водечкиот возач ја освојувал зелената маичка. Последен пласман е екипниот пласман: на секоја етапа времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа биле додавани. Екипата со најниско вкупно време го освојувала екипниот пласман.[10][11]

ЕтапаПобедникГенерален пласман
Бодовен пласман
Борбен пласман
Екипен пласман
1Елија ВивијаниЕлија ВивијаниЕлија ВивијаниНејтан ХасРомпот
2Андре ГрајпелЈеспер АселманАндре ГрајпелЈеспер Аселман
3Том Бонен
4Јос ван ЕмденЈос ван ЕмденЛото НЛ-Џамбо
5Жоан Ле БонВилко Келдерман
6Тим ВеленсТим ВеленсГејс ван ХукеЛото-Судал
7Мануел Квинцијато
На крајТим ВеленсАндре ГрајпелГејс ван ХукеЛото-Судал

Наводи

Надворешни врски