Захарија (пророк)

Свети пророк Захаријастарозаветен пророк и татко на Св. Јован крстител.

Захарија на фреска од Систинската капела

Животопис

Захарија потекнувал од свештеничкото Ароново племе. Тој и жена му Елисавета долго време немале деца и постојано го молеле бога да добијат пород, така што, кога биле во поодминати години, поради нивниот побожен живот, Господ им ги послушал молитвите и им се родил синот Јован. Захарија го завршил животот маченички, зашто бил погубен од Иродовите војници, покрај олтарот.[1]

Наводи

Предлошка:Захарија