Киберпанк

Киберпанк (англиски: cyberpunk; од кибернетика и панк) — поджанр на научната фантастика (постмодернизам), кој се сосредоточува на високотехнолошки компјутерски или информатички технологии, обично во врска со општествено распаѓање.[1] Во денешно време, киберпанк-мотивите се среќаваат и во киното, музиката и видеоигрите. Заплетот често е за судири меѓу хакери, вештачка интелигенција и мегакорпорации во блиската иднина на дистописката Земја и постиндустриското општество.[2] Атмосферата на жанрот наликува на филмски ноар.

Шибуја, Токио е опишан како футуристички Тајмс сквер

Киберпанк-делата често поставуваат прашања за суштината на човечкиот ум и општеството, границата помеѓу човекот и машината, стварноста и виртуелноста.

Наводи

Надворешни врски