Научна фантастика

Научната фантастика е форма на шпекулативна белетристика која главно обработува теми поврзани со влијанието на замислена или предвидена наука и технологија врз општеството и личностите како поединци. Според Артур Кларк, наспроти општото уверување, писателите на научната фантастика ретко се обидуваат да ја предвидат иднината, туку, како што во една прилика забележал Реј Бредбери, тие многу почесто настојуваат да ја спречат.[1]

Колекција на СФ класици

Научната фантастика е уметнички жанр во поширока смисла, и тој се врзува главно за литературни, телевизиски и филмски дела, но исто така влијае и на ликовната и музичката уметност.Многу луѓе ја користат кратенката за научна фантастика - СФ ('SF, од англискиот израз Science fiction). Исто така, се користи и кратенката sci-fi (кованица на Форест Џ. Акерман од 1954) како и НФ (во поранешните југословенски републики во кои култот кон научната фантастика бил интензивно развиван).

Границите на овој жанр не се добро дефинирани и разделувачките линии меѓу неговите поджанрови (тврдата и меката научна фантастика, сајберпанкот) се често флуидни.

Во „Тврди ставови“, Владимир Набоков полусериозно тврди дека, ако сме доследно ригорозни со нашите дефиниции, Шекспировата драма „Бура“ може да се нарече научна фантастика. Многу научнофантастични дела содржат елементи на други уметнички жанрови, како криминалистички романи, хорор романи, историски романи и, особено, фантастика.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица