Клабучишта (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија
За селото во Албанија видете Клабучишта (Албанија).

Клабучишта (грчки: Πολυπλάτανο, Полиплатано; до 1926 г. Κλαμπούσιστα, Клабусиста или Κλαμπούτσιστα, Клабуциста[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Клабучишта
Πολυπλάτανο
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Клабучиште
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Клабучиште
Клабучишта is located in Грција
Клабучишта
Клабучишта
Местоположба во областа
Клабучишта во рамките на Лерин (општина)
Клабучишта
Местоположба на Клабучишта во Општина Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°52.40′N 21°24.25′E / 40.87333° СГШ; 21.40417° ИГД / 40.87333; 21.40417
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаЛерин
Надм. вис.&10000000000000588000000588 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно257
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

Селото се наоѓа на 11 км северозападно од Лерин и на 4 км западно от Долно Клештино. Лежи во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.

Историја

Во Отоманското Царство

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Клобучище како македонско село.[3][4] Во 1861 г. на етничката карта на долината на Вардар Јохан фон Хан го бележи Глабуштица (Glabuschtitza) како албанско село.[5] На почетокот на XX век Клабучишта било мешано македонско-арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители Македонци христијани и 100 жители Арнаути муслимани.[6][7] На почетокот на XX век сите христијански жители на Клабучишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клабучишта е претставено како мешано македонско-албанско-влашко село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[8] Во селото правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клабучишта имало 400 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[9]

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Клабучишта пред Балканските војни имало 50 куќи на Македонци христијани и 20 куќи на Арнаути муслимани.[10]

Во Грција

Селското училиште
Обработка на реколтата во Клабучишта, октомври 1916 г.

Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 688 жители кои во 1920 г. биле 628 лица.[11] Во 1924 г. албанските жители на Клабучишта се иселени, и на нивно место е доведен 181 грчки дојденец од Кавказ. Во 1928 г. Клабичишта е претставено како мешано домородно-дојденско село со 29 дојденски семејства сочинети од 128 лица.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во Полиплатано.[13]

Селото не настрадало позначајно во Граѓанската војна и само мел дел од неговите жители се преселиле во НР Македонија. По војната имало бран на иселување во прекуокеанските земји. Според Тодор Симовски соодносот помеѓу доморотното население и потомците на кавкаските бегалци изнесува 3:1, иако потоа намален заради иселување.[11]

Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое „македонският јазик“ е одлично зачуван, а понтскиот грчки е слабо задржан.[14]

Месности во Клабучишта преименувани со службен указ на 28 септември 1968 г.
ИмеГрчкиНово имеГрчкиОпис
Кладенци[15]ΚλάδεντσιПигиесΠηγές[16]месност на СИ од Клабучишта[15]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население969932755477428369389257
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски