Клуб Гуарани

Клуб Гуарани е парагвајски фудбалски тим, со седиште во соседството на ДОС Бокас во надворешниот квартал на Асунсион, основана во 1903 година.

Гуарани
Guaraní
Целосно имеClub Guaraní
ПрекариАбориџините
Основан1903
СтадионСтадион Рожелио Ливиерес
Асунсион, Парагвај
(Капацитет: 10,000)
ПретседателПарагвај Федерико Акоста
ТренерУругвај Диего Алонсо
ЛигаПримера Дивизион
Апертура 2012Апертура 2012, 6-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Историја

Гуарани е вториот најстар парагвајски фудбалски клуб. Основана е во 1903 година под името "Фудбалски клуб Гуарани" и нивен прв претседател бил Хуан Патри. Името на клубот доаѓа од Гуарани луѓето, на кој им припаѓа поголем дел од парагвајската култура и историја. Боите на клубот, црна и жолта, биле предложени од страна на браќата Мелина (кој се исто така меѓу основачите на клубот) и се земени од Уругвајскиот клуб Пењарол, каде браќата Мелина настапувале неколку години. Наведените бои се исто така користени од страна на Англискиот морепловец Френсис Дрејк кој ги имал во својот амблем и штит, што е уште една причина зошто тие беа избрани да го претставуваат клубот.

Клуб Гуарани

Гуарани е еден од традиционалните тимови од парагвајската фудбалска лига и во текот на нивната историја тие имаат освоено вкупно девет титули и завршиле како второпласирани во десет наврати. Најуспешната ера во својата историја била во 1960-тите години, кога Гуарани имаше одличен тим кој освои три титули. Оваа ера е позната како „златна деценија“ меѓу обожавателите на Гуарани.

Заедно со Олимпија, тие играат "Класико ањехо" (најстарото локално дерби), бидејќи тие се двете најстари екипи во Парагвај. Исто така, Гуарани, Серо Портењо и Олимпија се единствените тимови кои никогаш не играле во Втората дивизија на парагвајската лига.

Кон крајот на мај 2010 година, Гуарани стана шампион првпат по цели 26 години по победата над Олимпија во натпревар кој заврши 2-1 и значеше освојување на Апертура наслов во 2010 година.

Играчи

Моментален Состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМПабло Аурекочеа
2 ОДАлехандро Родригес
3 ОДЕлвис Марекос
4 ОДЕдуардо Филипини
5 СРМарсело Палау
6 СРЖорге Мендоса
7 НПДанте Лопес
8 СРБлас Касерес
9 НПДиего Сентурион
10 НПЖорге Бенитез
11 СРИван Гонсалес
12 ГМЖоел Силва
13 ОДЕдгар Аранда
Бр.ПозицијаИграч
14 ОДТомас Бартомеус
15 СРРамон Дарио Окампо
16 СРСерхио Ортеман
17 СРЛуис Де ла Круз
18 ОДЛуис Кабрал
19 СРПедро Чавес
20 СРХуан Агилар
21 НПКарлос Идалго
22 ОДРоберт Алдама
23 НПХулијан Бенитез
24 ОДХуан Патињо
25 ГМАлфредо Агилар

Титули

Надворешни врски