Уругвај

За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

33°S 56°W / 33° ЈГШ; 56° ЗГД / -33; -56

Источна Република Уругвај
República Oriental del Uruguay  (шпански)
Знаме Грб
Гесло"Libertad o Muerte" (шпански)
(англиски: „Слобода или смрт“)
Химна"Himno Nacional de Uruguay"
(англиски: „Државна химна на Уругвај“)

Местоположбата на  Уругвај  (темнозелено)

во Јужна Америка  (сиво)

Местоположбата на Уругвај
Главен град
(и најголем)
Монтевидео
Службен јазик шпански
Народности (2016[1])
  • 88% бели
  • 8% местици
  • 4% црни
Демоним Уругваец
Уредување Унитарна претседателска уставна република
 •  Претседател Табаре Васкес
 •  Потпретседател Лусија Тополански
Законодавство Собрание на Уругвај
 •  Горен дом сенат
 •  Долен дом Комора на претставници
Независност од Бразил 
 •  Објавена независност 25 август 1825 
 •  Призната независност 27 август 1828 
 •  Прв устав 18 јули 1830 
 •  Прием во ООН 18 декември 1945 
Површина
 •  Вкупна 176,215 км2 (89-та)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  проценка за 2016 г. 3.444.006[2] (99-та)
 •  Попис 2011 3,480,314[3] 
 •  Густина 28.6 жит/км2 (99-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $82 милијарди[4] (48-ма)
 •  По жител $23,267[4] (60-та)
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $61 милијарди[4] (28-ма)
 •  По жител $17,380[4] (43-та)
Џиниев коеф. (2016)positive decrease 39.7[5]
среден
ИЧР (2017) 0.804[6]
многу висок · 48-ма
Валута уругвајско песо (UYU)
Часовен појас UYT (UTC−3)
Се вози на десно
НДД .uy
Повик. бр. +598

Уругвај (шпански: Uruguay), службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе,[2] од кои 1,8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 км2, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина,[7] веднаш зад Суринам.

Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години[8] пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држави, Уругвај бил колонизиран релативно подоцна. Монтевидео, денешниот главен град, бил основан како воено упориште на Шпанската Империја во раниот 18 век, односно во период кога денешната територија на Уругвај била цел на колонизаторско-експандициони стремежи на Шпанската Империја преку Аргентина од една страна и Португалската Империја преку Бразил од другата страна. Во периодот од 1811 година до 1828 година Уругвај се изборил за својата независност. Туѓото влијание во Уругавј било доминатно во политичко-надворешната сфера на Уругвај, а војската била една од поважните елементи на домашната политика. Следствено на тоа, во 1973 година се одвил државниот удар, со што се основало граѓанското-воено диктаторство. Воената влада гонела лево ориентирани поединци, социјалисти и полтички противници. Воената власт била соборена во 1985 година, и со тоа се основата современата демократска држава.

Уругвај е рангирана на првото место во однос на демократијата, мирот, низок степен на корпупција,[9] е-влада,[10] и прва во Јужна Америка кога е во прашање слободата на медиумите, големината на средната класа и просперитетот.[9] По глава на жител, Уругвај придонесува кон миротворните мисии на ООН најмногу од сите држави.[9] Покрај тоа, државата е на врвот во однос на отсуство на тероризам, единствена таква положба во Јужна Америка. Во регионот е на второт место во однос на економската слобода, еднаквоста на приходите, приход по глава на жител и директни странски инвестиции.[9] Во однос на Индексот на човековиот развој и растот на БДП, иновација и инфраструктура, Уругвај е на третото место на континентот,[9][11] Според ООН, Уругвај е држава со висок приход на населението.[10] Скоро 95% од електричната енергија на Уругвај доаѓа од обновливи ресурси, воглавно хидроелектрани и ветерници.[12] Уругвај е еден од основачите на ООН, ОАД, Меркосур, СЈАД и Движењето на неврзаните.

Уругвај денес се смета за една од социјално најнапредните држави, со што се издвојува на регионален план, и високо се рангира на светско ниво во однос на човековите права, толеранцијата и прашањата поврзани со интеграцијата на маргинални групи.[13] Списанието „Економист“ (The Economist) го именувал Уругвај за „држава на годината“ за 2013 година.[14]

Потекло на поимот

Името Уругвај е скратена верзија од целосното официјално име „Источна Република Уругвај“ или на шпански Republica Oriental del Uruguay. Протолкувано, скратеното име значи „земја покрај реката Уругвај“, а источна е дадено поради местоположбата на државата во однос на реката Уругвај (државата се наоѓа источно од реката). Уругвај потекнува од гваранскиот јазик и целосно не е јасно значењето. Сепак, има теорија дека зборот е составен од: urugua („рак“, „школка“) и i („вода“), а според друга теорија: uru (вид на птица во регионот), gua („наследен од“) и i („вода“).

Историја

Пред доаѓањето на шпанските и португалските колонисти, на териториите на денешен Уругвај живееле индијански племиња, главно од племето чаруа. Првиот град којшто бил основан опд страна на Шпанија бил Колонија дел Сакраменто во 1680 година, важна тогашна тврдина која била изградена на источниот дел од Рио Плата, која на повеќепати во текот на историјата била преземувана од страна на Португалците. Во текот на 1726 година бил основан градот Монтевидео, денешната престолнина на земјата. Територијата во периодот од 17761814 била во составот на Вицекралство Рио де ла Плата. Во 1798, 1806 и 1807 година Англија на повеќепати се обидувала да ги зазеде териториите на Вицекралството но безуспешно. Во 1822 година Бразил ја окупирал територијата на денешен Уругвај. По шестгодишна војна, во 1828 година Уругвај конечно успеал да издвојува своја независност и да се оформи како држава.

Кон крајот на 19 век, Уругвај го завршил процесот на демокатизација и постогнал определени успеси во поглед на зајакнување на својата економија. Земјата била една од првите во светот која дозволила развод на бракот преку закон (1907), како и право на жените да излезат на избори. Таа е втора земја во светот која со закон регламентирала задолжително и бесплатно образование (1877). Во тој период земјата е една од најразвиените во регионот, поседувајќи ја највисоката зграда на светот, најголемиот стадион на светот. Земјата станала светски шампион во фудбал во 1930 и 1950 година. Овој период земјата била позната и како Американска Швајцарија.

Но, кон крајот на 1950 година, Уругвај влегл во сериозна политиочка и економска криза. Кон 60-тите години на минатиот век зпочнале да се формираат левоориентирани политички сили, наспроти десните ултранационалисти. Ова придонесува за чести конфликти во земјата. Сето ова довело до државен удар. Така на 27 јуни 1973 година претседателот Хуна Марија Бордабери го распуштил парламентот и формирал т.н. Државен совет. Биле уапсени водачите на левите сили, како и многу граѓани кои не се согласувале со новите состојби во земјата. По уругвајските затвори умреле повече од 1.000 политички затвореници а на околу 140 сѐ уште не им се знае судбината. Целосното повлекување на милитаристите од власта завршила кон 1985 година. Денеска, претседател на земјата е Табаре Васкес, којшто на таа позиција дошол во 2004 година.

Географија

Со своите 176,214 km2 (68,037 ми) копнена површина и 142,199 km2 (54,903 ми) морска територија и мали речни острови,[15] Уругвај е втората најмала независна држава во Јужна Америка, веднаш зад Суринам, или третата најмала политички организирана територија, веднаш зад Француска Гвајана и Суринам.[1] Релјефот на Уругвај е воглавно низински со присуство на брда или гори. Низинското земјиште покрај крајбрежјето на Уругвај е доста плодно.[1] Уругвај има вкупна должина на брегот од 660 километри.[1] На север и североисток Уругвај граничи со Бразил, на запад со Аргентина, на југоисток и на југ излегува на Атлантскиот Океан.

Низ државата се протега густа мрежа на реки, која е воглавно составена од четири речни басени: басенот или делтата на Рио де ла Плата, басенот на реката Уругвај, басенот на Лагоа Мирим и басенот на Рио Негро. Главна река во внатрешноста на земјата е Рио Негро.

Највисока точка во Уругвај е Серо Катедрал, чиј врв изнесува 514 метри надморска височина. Југозападно од Серо Катедрал е Рио де ла Плата, устието на реката Уругвај. Во Уругвај има десет национални парка, од кои пет се наоѓаат во источните предели на земјата, три во централните брдести предели и еден во западниот дел од државата.

Главен град на државата е Монтевидео, кој воедно е најголем град во Уругвај и најјужен главен град во Америка, а во светски рамки е трет најјужен главен град, веднаш зад Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд.

Политички систем

Административна поделба

Уругвај се состои од 19 департмани (departamentos, еднина– departamento).

Карта na уругвајските департмани
ДепартманПовршина
(км²)
НаселениеАдм. центар
Артигас11 92878 019Артигас
Канелонес4 536485 028Канелонес
Серо Ларго13 64886 564Мело
Колонија6 106119 266Колонија дел Сакраменто
Дурасно11 64358 859Дурасно
Флорес5 14425 104Тринидад
Флорида10 41768 181Флорида
Лавалјеха10 01660 925Минас
Малдонадо4 793140 192Малдонадо
Монтевидео5301 326 064Монтевидео
Пајсанду13 922113 244Пајсанду
Рио Негро9 28253 989Фрај Бентос
Ривера9 370104 921Ривера
Роча10,55169 937Роча
Салто14 163123 120Салто
Сан Хосе4 992103 104Сан Хосе де Мајо
Соријано9 00884 563Мерсе́дес
Такуарембо15 43890 489Такуарембо
Треинта и Трес9 67649 318Треинта и Трес

Стопанство

Демографија

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски


Знаме на Уругвај
Департмани на Уругвај
Артигас | Канелонес | Серо Ларго | Колонија | Дурасно | Флорес | Флорида | Лавалјеха | Малдонадо | Монтевидео | Пајсанду | Рио Негро | Ривера | Роча | Салто | Сан Хосе | Соријано | Такуарембо | Треинта и Трес
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица