Луј Вервеке

белгиски велосипедист

Луј Вервеке (холандски: Louis Vervaeke; р. 6 октомври 1993) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.

Луј Вервеке
Вервеке на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеЛуј Вервеке
Роден6 октомври 1993(1993-10-06)(30 г.)
Ронсе,  Белгија
Висина1,80 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСудал Квик-Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2011
2013-2014
Ондер Онс Парике
Лото-Белисол У23
Професионални клубови
2012
2014-2017
2018-2019
2020-2021
2022-
Јонг Вландерен
Лото-Белисол
Тим Санвеб
Алпесин-Феникс
Квик-Степ Алфа Винил Тим
Последна промена
17 ноември 2022

Во ноември 2021 година, Вервеке објавил дека ќе се приклучи на екипата Декојнинк-Квик Степ на двегодишен договор од 2022 година со улога како помошник за качување за Ремко Евенепул на големите трки.[1]

Достигнувања

2011
3. Краен пласман Гран при Риблиланд
2013
4. Краен пласман Тур де По де Савоја
4. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2014
1. Краен пласман Тур де По де Савоја
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 5
1. Краен пласман Ронде де л’Изар
5. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 7
5. Сиркут де Валони
5. ГП Морис Рес
2015
1. Спринтерски пласман Трка околу Баскија
2017
2. Трофео Сера де Трамунтана
4. Трофео Поленка-Порт де Андрат
2020
8. Тритико Ломбардо
2021
1. Планински пласман Трка околу Германија
2022
10. Краен пласман Тур де ла Прованс

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка2015201620172018201920202021
ЏироСОСОСО20
Турне настапил во текот на неговата кариера
Вуелта89

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски