Мал зелкар
Мал зелкар (Pieris rapae) е пеперутка со мала или средна големина, дел од групата на пеперутки белци. Оваа пеперутка е сродна со големиот зелкар, и двата вида на пеперутки се препознатливи по белата боја на крилјата.
Мал зелкар | |
---|---|
Женка | |
Мажјак | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Белци (пеперутки) |
Вид: | Мал зелкар |
Научен назив | |
Белци rapae (Linnaeus, 1758) |
Гасеницата на оваа пеперутка се смета за штетник за градинарските култури како што зелка, кељ и брокула. Пеперутката е распространета низ Европа и Азија. Се верува дека потекнува од источното средоземје. Низ минатите два века, пеперутката се проширила и во Северна Африка, Северна Америка, Нов Зеланд и Австралија, како резултат на случајно воведување.[1]
Опис
По изглед изгледа повеќе како помала верзија на големиот зелкар. Горната страна е кремасто-бела боја со црни точки на врвотите. Женките, исто така, имаат две црни точки во центарот на предната страна. Нејзините долна страна е жолтеникава со црни точки. Понекогаш се помешува со молец поради неговиот обичен изглед. Распонот на крилјата кај возрасните е приближно 32–47 мм.[2]
Живеалиште
Видот има природен живеалиште низ Европа, Азија и Северна Африка.[3] Случајно бил воведена во Квебек, Канада во околу 1860 година и рапидно се ширил низ Северна Америка. Видот се раширил во сите животни зони во Северна Америка.[4] Проценките покажуваат дека една женка од овој вид може да биде предок на неколку генерации од милиони единки.[5][6] Малиот зелкар е отсутен или оскуден во пустинските и полусушните региони (освен за наводнуваните области). Не се наоѓа на север од канадската животна зона, ниту на Каналските острови крај брегот на јужна Калифорнија. Случајно била воведена и се размножила во Нов Зеланд и Австралија. Има знаци дека навлегува и во Јужна Америка.
Видот може да се најде на кое било отворено подрачје со разнолика вегетација. Може да се види обично во градовите, но исто така и во природните живеалишта, претежно во долинските предели. Иако е прикажан афинитет кон отворените области.[7]
Наводи
Литература
- Asher, Jim et al.: The Millennium Atlas of Britain and Ireland. Oxford University Press.
- Evans, W. H. (1932). The Identification of Indian Butterflies (2. изд.). Mumbai, India: Bombay Natural History Society.