Северна Африка

Државите на Северна Африка.

Географска положба

Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атлантскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атлантскиот Океан на северозапад.

Големина

Северна Африк зафаќа околу 13 милиони км2 површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.

Демографија

На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море.Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските одлики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда.Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехранбената и петрохемиската индустрија.Населението во Северна Африка е воглавно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака:

државанаселениедоминантна
религија
% од вкупното
население
службен јазикнајголема етничка група
 Египет76,699,427 (2006[1])Ислам[2]~ 90[2]арапски[3]Египќани (91 %)[4]
 Судан30,894,000 (2008, оспорено[5])Ислам~ 97арапски и англискиАрапи (39 %), Црнци (52 %)
 Либија5,670,688 (попис 2006)Ислам96.7арапскиповеќето од населението се машни Арапи-Бербери (арабизирани Бербери)
 Тунис10,673,800 (порц. за 2011)Ислам99арапскимешано население од Арапи-Бербери (98%)
 Алжир29,100,867 (попис 1998)Ислам99арапскиБербери (над 90%)
 Мароко35,657,056 (попис 2011)Ислам98.7арапски и берберскимешано население од Арапи-Бербери (99%)
 Чад10,329,208 (проц. 2009)Ислам53арапски и францускинема мнозонска група, види Демографија на Чад
 Нигер10,790,352 (попис 2001)Ислам90францускиХауса (56 %), Џерма 22 %
 Мали14,517,176 (попис 2009)Ислам90францускиМандејци (Бамбарци, Малинке и Сонинке) 30% до 50 %
 Мавританија3,069,000 (проц. за 2009)Ислам~100арапски30 % Белци (Арапи и Бербери), 30 % Црнци (Сонинке, Тукулери, Фуланци)
Западна Сахара405,210 (проц. за 2010)Ислам99.9арапскиСахарци

Карти за Северна Африка

Наводи

Поврзано


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица