Марумбиџи

Реката Марумбиџи е главна притока на реката Мари која припаѓа на таканареченит слив на Мари и Дарлинг, и е втора по должина река во Австралија. Тече низ австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс и Австралиската Престолнинска Територија. Тече воглавно во насока запад-северозапад од подножјето на Пеперкорн Хил во Огнениот Венец на Снежните Планини до нејзиново влевање со реката Мари во близина на Граничниот Свиок .

Марумбиџи
Реката Марумбиџи кај Вага Вага
Марумбиџи е главна притока на реката Мари
ЕтимологијаАбориџински Вираџурски јазик: "голема вода"
Местоположба
CountryАвстралија
Држава/Територија
Физички особености
ИзворПеперкорн Хил
 • местоСнежни Планини, НЈВ
 • координати35°35′7″S 148°36′5″E / 35.58528° ЈГШ; 148.60139° ИГД / -35.58528; 148.60139
 • надм. вис.1,560 м (5,120 ст)
Устиесе влива во реката Мари
 • место
кај Бондари Бенд
 • координати
34°43′43″S 143°13′8″E / 34.72861° ЈГШ; 143.21889° ИГД / -34.72861; 143.21889
 • надм. вис.
55 м (180 ст)
Должина1,485 kм (923 ми)[1]
Големина на сливот84,917 km2 (32,787 ми)
Проток 
 • местоВага Вага[2]
 • просечен120 m3/s (4,200 cu ft/s)[2]
Проток 
 • местоНарандера
 • просечен105 m3/s (3,700 cu ft/s)
Проток 
 • местоБалнаралд
 • просечен27 m3/s (950 cu ft/s)
Особености на сливот
Речен сливМари, Мари Дарлингов слив
Притоки 
 • левиРека Гудгенби, Котер, Гудрадигби, Тумут
 • десниБредбо, Молонгло, Река Јас, Лахлан
[3][4]

На Вираџурски јазик (еден од месните јазици на Австралиските абориџини) зборот Марумбиџи или Марамбидја значи „голема вода“.[5] [6] [7]

Тек

Главниот тек на речниот систем изнесува 900 км.[8] Изворот на реката се наоѓа во подножјето на Пеперкорн Хилл кој е во рамките на Снежните Планини (кои пак се дел од Австралиските Алпи). Од изворот тече до вливот во реката Мари. Во својот тек поминува 66 км низ Австралиската Престолнинска Територија и покрај Канбера,[9] каде што во неа се влеваат реките Гуџенби, Квинбејан, Молонго и Реките Котер. Во Марумбиџи се влеваат голем дел од реките од јужниот дел на Нов Јужен Велс и сите реки од Австралиската Престолнинска Територија, и таа е важен извор на вода за наводнување за земјоделската област Риверина.

Во близина на изворот на реката Марумбиџи во 1960 година била изградена браната Тантагара, и оваа брана одзема голем дел од водата (речиси 50%) што се влева во Марумбиџи од пролетното топење на снегот затоа што 99% од водите на реката Марумбиџи во тој дел од реката се пренасочуваат во езерото Еукумбе. [10] [11] Ова лошо се одразува врз рибите и другиот жив свет во реката. Кога Марумбиџи влегува во Австралиската Престолнинска Територија количината на вода е практично половина од онаа што ја имала реката пред изградбата на браната.[11][12]

Една студија наведува дека дел од речното корито во горниот дел на реката е релативно нови во геолошка смисла, и датира од раниот миоцен (миоценската ера била од пред 23 до пред 5 милиони години). Се претпоставува дека Горниот Марумбиџи е анагранка на реката Тумут (која некогаш течела на север), а по геолошките издигнувања во близина на Адаминаби нејзиниот тек бил пренасочен. По Гундагаи, реките течат по првобитното корито.[13]

Истражување

Во 1820 година, истражувачот Чарлс Трозби го известил гувернерот на Нов Јужен Велс дека очекува да најде „голема солена река“, која што домородците ја нарекувале Мар-рам-биг-џи.[14] Реката до која наишол всушност била реката Молонло. Трозби стигнал до Марумбиџи во април 1821 година.[15]

Во 1823 година, Бригадниот мајор Џон Овенс и Капетанот Марк Кари стигнале до горниот тек на Марумбиџи додека вршеле истражување јужно од Езерото Џорџ.[16] Во 1829 година, Чарлс Стурт со својата група веслал по долниот на реката Марумбиџи. [17]

Областите по течението на Марумбиџи почнале да се населуваат во 1830-тите и наскоро станале важна земјоделска област.

Споменикот на Чарлс Стурт на Вага плажата во Вага Вага

Поплави

Реката Марумбиџи во големата поплава во декември 2010 година и маркер за поплави кој ја покажува висината на поплавите во 1974 година во Вага Вага

Водостојот на реката во Гундагаи надминал 7 метри девет пати во периодот помеѓу 1852 и 2010 година, во просек еднаш на секои единаесет години. Во 1974 година и во декември 2010 година водостојот на реката се искачил на 10,2 метри во близина на Гундагаи. [18] Во катастрофата од 1852 година, водостојот на реката се искачил на нешто повеќе од 12,2 метри, а следната година на нешто повеќе од 12,5 метри. Со Изградбата на браната Бурињук во 1907 година поплавите значително се намалиле, но сепак имало големи поплави во 1925, 1950, 1974 и 2012 година.[19] [20]

Најпозната е поплавата во 1852 година кога градот Гундагаи бил однесен и 89 луѓе (една третина од населението) загинале. Подоцна градот бил повторно изграден на повисоко место.[21]

Во 1925 година, загинале четири лица, а поплавите траеле осум дена. [22] [23] [24]

Мочуришта

Поголеми мочуришта долж Марумбиџи или поврзани со сливот на Марумбиџи се: [25]

  • Лоубидџи Блатото, 2000 квадратни километри помеѓу Мод и Балраналд
  • Мочуриштата во средината на Марумбиџи по течението на реката од Нарандера до Каратул
  • Мочуриштата Фајвбо и Такербил
  • Томнис Плејн
  • Микалонг мочуриште
  • Езерото Џорџ
  • Јаук
  • Црното Блато и Блатото Куперс
  • Големото Баџа Блато

Населени места

  • Тарва
  • Канбера
  • Југионг
  • Гундагаи
  • Вага Вага
  • Нарандера
  • Јанко
  • Литон
  • Дарлингтон Поинт
  • Хеј
  • Балраналд

Слики

Поврзано

  • Список на реки во Нов Јужен Велс
  • Список на реки во Австралиската Престолнинска Територија
  • Слив на Мари и Дарлинг

Наводи