Мистерија (жанр)

Мисерија — книжевен жанр кој вообичаено вклучува мистериозна смрт/ околност или криминал кои треба да се разрешат. Често со затворен круг на осомничени, каде секој осомничен има разумен мотив или разумна можност за да стори криминален акт. Главниот лик најчесто би бил детектив или инспектор, кој на крај би ја разрешил мистеријата со логичка дидактика на приложените факти кои се прикажани на читателот.[1]

Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Романи од Агата Кристи

Мисеријата може да вклучи и натприродна мисериозна околност/ настан каде решението не мора да има логика па дури и криминално дејство. Оваа употреба била карактеристична за „фикцијата палп“ (палп-фикшн, pulp fiction) во 1930-те и 1940-те. Во тоа време таквите раскази наведувале дека мистериите биле посложени за разрешување.[2]

Почетоци

Мистеријата како жанр е релативно млада во книжевноста. Таа почала да се развива во раниот 19 век. Со подемот на писменоста помеѓу општата маса луѓето станале поиндивидуални во нивното размислување. Како што луѓето станувале поиндивидуални, тие развиле почит за човековиот разум и можноста да се разрешуваат проблеми.[3][4]

Причината поради која мисеријата не била позната пред 1800-те можеби лежи во фактот што во тоа време немало вистински полициски сили. Пред Индустриската револуција, многу градови имале полицајци (констабли) или ноќни чувари. Секако, констаблите биле свесни за секој граѓанин во населеното место и криминалот бил брзо разрешен или би бил оставен неразрешен. Како што градовите се зголемувале со население, полициските сили станувале институционализирани и потребата за основање детективи била реализирана. Тоа можеби е и мотивацијата за развојот на мисериите како посебни романи.[5]

Рано дело на мистерија е на пример „Госпоѓицата Скидери“ од Ернест Теодор Хофман, дело кое имало влијание врз „Убиство во улицата Морг“ од Едгар Алан По (1841). Артур Конан Дојл во 1887 година го претставил својот лик Шерлок Холмс. Жанрот се развил масивно на почетокот на 20 век. Нешто подоцна, во 1920-те Агата Кристи и нејзините дела придонеле за понатамошен развој на жанрот.[6]

Класификација

Во зависност од природата на приказната, мистериите може да се поделат на аматериски детективски романи, детективски романи, пријатна мистерија, разузнавачки роман, груби детективски романи, историска мистерија, трилери и слично.

Наводи

Надворешни врски

  • Mystery Weekly Magazine, списание за криминалистички и мистериозни кратки раскази.