Драма

Драма е посебна форма на фикција наменета за изведување.[1] Поимот доаѓа од грчки збор што значи „дејствие“ (Старогрчки: δρᾶμα, драма), кој пак е изведен од глаголот „прави“ (Старогрчки: δράω, дран).

Книжевност
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на книжевноста
Индекс на поими
Историја · Современа историја
Книги · Писатели
Книжевни награди · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Особености

Драмата е во тесна врска со театарот, односно се изведува на сцена пред публика, што подразбира продукциска соработка и колективен облик на прием.[2] Како книжевно дело, драмата е наменета за сценска изведба. Структурата на текстот е дијалошка што воедно значи дека огласувањето на ликовите не е проследено со раскажување, односно, од некое стојалиште на раскажувачот. Драмата прикажува, а не раскажува. Кон текстот на дијалог се јавуваат дидаскалиите или понатамошниот текст со кој авторот најчесто дава упатства за тоа како треба сценски да изгледа изведбата на дијалогот.

Користењето на поимот „драма“ за именување на одреден вид на претстава датира од XIX век. Во овој поглед „драма“ се однесува на претстава која не е ниту комедија ниту трагедија, како на пример, Тереза Ракен (1873) на Емил Зола или Чеховата Иванов (1887). Поради ова филмската и телевизиската индустрија, како и филмските науки го имаат присвоено поимот „драма“ како жанр во нивното поле.[3]Радио драма“ пак е посебен драмски вид кој е напишан посебно за емитување на радио, наменет за слушање, а не за гледање.[4]

Честопати, драмата се комбинира со музика и танц: драмскиот дел од операта целосно се пее; мјузиклите вклучуваат говорен дијалог и песни; а некои облици на драмата постојано се придружувани од музика (како на пример, мелодрамата и јапонската Но).[5] Во одредени периоди од историјата (античките римски и модерните романтични) драмите биле пишувани за да бидат читани наместо изведувани.[6] Кај импровизацијата, драмата не постои пред самата изведба; изведувачите изведуваат драмски текст спонтано пред публиката.[7]

Двете маски поврзани со драмата ја претставуваат традиционалната видовна разлика помеѓу комедијата и трагедијата. Тие се симболи на старогрчките музи, Талија и Мелпомена. Талија е музата на комедијата (насмеаното лице), додека Мелпомена е музата на трагедијата (тажното лице). Иако се смета како дел од самата поетика, самиот драмски род е во контраст со епиката и лириката уште од Аристотеловата Поетика (околу 335 пред н.е.)—најраното дело на драмската теорија.[8]

Историја на драмата

Познати драмски писатели и дела

Класичната атинска трагедија Цар Едип (околу 429 пред н.е.) од Софокле и ренесансната трагедија Хамлет (1601) од Вилијам Шекспир се сметаат за ремек-дела на уметничката драма.[9] Според српскиот поет Јован Дучиќ, целокупната драмска уметност се врти околу три имиња кои, иако нееднакви по својот гениј, ја претставуваат целата светска драма: Софокле, како централна личноста на античката драма; Шекспир, како централна личност на модерната трагедија; и Ибзен, како најголем автор на современиот духовен театар.[10]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица