НОПО „Вичо“

Вичо ― партизански одред, формиран на територијата на егејскиот дел на Македонија.[1]

Активност на одредот

Одредот е формиран на 28 февруари, 1943 година во село Лаген, Леринско, од постојните мали илегални партизански групи. Меѓу првите негови акции била во селото Воштарени (Овчарани), Леринско, потоа нападот на возот на линијата Лерин-Воден на 20 мај, 1943 година.[1]

Заедно со броците од НОПО „Даме Груев“, во битолско имале заедники акции за одземање на оружјето на контрачетниците (мали чети од локални бугаромани) од Костурско кои ги вооружила италијанската власт, а биле под влијание на бугарската пропаганда.[1]

Инструктор на одредот бил Трајче Грујоски.[2]

Расформирање на одредот

На 20 јули, 1943 година било донесено решение одредот да се подели и да се фомираат четири помали одреди и тоа:[1]

  • „Вичо“
  • „Кајмакчалан“
  • „Бигла“ и
  • „Даули“.

Сите биле именувани по имињата на планините каде што би требало да дејствуваат.[1]

Наводи

Надворешни врски

Усна историја; Интервју со Трајко Грујоски — Меморијален музеј на холокаустот на САД