20 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

20 мај — 140-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (141-и во престапна година).Остануваат 225 денови до крајот на годината.

Настани:

1836 Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија.
1875 Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на мерните единици на одделни физички големини.
1876 Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926 Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990 Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
2023 Јаков Милатовиќ стапува на функцијата претседател на Црна Гора.

Родени:

1799 Оноре де Балзак — француски писател.
1806 Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист.
1875 Парашкев Цветков — бугарски револуционер.
1901 Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ.
1908 Џејмс Стјуарт — американски глумец.
1946 Шер — американска пејачка.
1952 Роже Мила — камерунски фудбалер.
1955 Маноло Каденас — шпански ракометен тренер.
1962 Александар Дедјушко — руски театарски и филмски глумец.
1964 Миодраг Белодедич — романски фудбалер.
1965 Били Донован — американски кошаркар и тренер.
1967 Павлe — грчки принц.
1973 Самуеле Папи — италијански одбојкар.
1981 Икер Касиљас — шпански фудбалер.
1982 Петр Чех — чешки фудбалер.
1985 Николај Липкин — руски кануист-спринтер.
1985 Крис Фрум — британски велосипедист.
1992 Енес Кантер — турски кошаркар.
1992 Вацлав Кадлец — чешки фудбалер.
1995 Вјачеслав Караваев — руски фудбалер.

Починале:

1277 Јован XXIримски папа.
1506 Кристофер Колумбо — шпански истражувач и откривач на Новиот Свет.
1622 Осман II — отомански султан.
1859 Јосип Јелачиќ — хрватски бан.
1896 Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман.
1940 Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец.
1981 Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
1989 Џон Хикс — британски економист.
2002 Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката.
2013 Реј Манзарек —амрикански рок-музичар, член на групата „Дорс“.
2019 Ники Лауда — австриски автомобилист, поранешен првак во „Формула 1“.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица