Народен театар (Битола)

(Пренасочено од НУ Народен Театар-Битола)

НУ Битолски народен театар — македонски театар, со статус на национална установа и најстар театар во Македонија. Седиштето на театарот е во Битола.

НУ Битолски Народен Театар
КратенкаБНТ
Основана14 ноевмри 1944
Видтеатар, концертна сала
Најстара зачувана плаката за претстава во Битолскиот театар. Плакатата е од 1919 година и е за претставата „Големиот Галеото“.
Глумица од Битолскиот театар во улога на Коштана во меѓувоениот период.
Членовите на Народниот театар во 1944 година

Историја

Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.[1] Од 1980 година, театарот работи во нов објект.

Претстави

Заклучно со ноември 2013 година, БНТ имал 526 премиери, 11.899 претстави и повеќе од 5 милиони посетители.[2]Во текот на своето постоење, Битолскиот народен театар ги има поставено следниве претстави:

  • „Каренина Made in Macedonia“ (2014)[3]
  • „Божествена комедија“ (2015) (режија: Александар Исаков; улоги: Борис Чоревски, Душко Јовановиќ, Филип Мирчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски, Ева Сандра Грибовска, Александар Копања, Александар Стефановски)[4]
  • „Тајното оружје“ (2015) (режија: Ненад Витанов; улоги: Борис Чоревски, Илина Чоревска, Сандра Грибовска; сценографија: Валентин Светозарев; костимографија: Благој Мицевски; музика: Димитар Андоновски)[5]

Награди

  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Викторија Степановска за улогата на Кети во претставата „Далај Лама“, на 43. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[6]
  • НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Ансамблот на Народен Театар - Битола за кореографија и сценски движења во претставата „Црна се чума зададе“, на 44. Македонски театарски фестивалВојдан Чернодрински“ - Прилеп [7]
  • НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" на Филип Мирчевски во претставата „Црна се чума зададе“, на 44. Македонски театарски фестивалВојдан Чернодрински“ - Прилеп [7]
  • НАГРАДА ЗА МУЗИКА  на Марјан Неќак во претставата „Црна се чума зададе“, на 44. Македонски театарски фестивалВојдан Чернодрински“ - Прилеп [7]
  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на Ратка Чоревска на 45. Македонски театарски фестивалВојдан Чернодрински“ - Прилеп [8]
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Огнен Дранговски , за улогата на Аљоша во претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
  • НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА  на Андреј Хинг  за драматизација на текстот во претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓорески за рекламниот материјал од претставата „Браќа Карамазови“ на 45. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [9]
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Сергеј Светозарев за претставата „Травничка Хроника“, на 48. Македонски театарски фестивалВојдан Чернодрински“ - Прилеп
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев за претставата „Травничка Хроника“, на 48. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [10]
  • НАГРАДА „Ристо Шишков“, на Борис Чоревски, за споредна улога во претставата „Обична приказна“.[11]
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Валентина Грамосли, за улогата на госпоѓа Елвстед во претставата „Хеда Габлер“, на 49. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[12]
  • НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицески за костимите во претставата „Иванов“ на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[13]
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев, за сценографијата на претставата „Иванов“, на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп [13]
  • НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Митко Апостоловски , за улогата на Шабељски во претставата „Иванов“ на 50. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[13]
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ГЛАВНА УЛОГА на Катерина Аневска, за улогата на Ана Боленин во претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев, за сценографијата на претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]
  • НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ЦЕЛИНА , за претставата „Кралски игри“, на 51. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.[14]
  • Награда за животно дело "Војдан Чернодрински" за Борис Чоревски

Глумци

Наводи