14 ноември

датум
<<ноември>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
2024

14 ноември — 318-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(319-и во престапна година). Остануваат 47 денови до крајот на годината.

Настани:

1944 Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

Родени:

1650 Вилијам IIIкрал на Англија.
1719 Леополд Моцарт — австриски композитор.
1765 Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач.
1838 Август Шеноа — хрватски писател.
1840 Клод Моне — француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1863 Лео Бакеланд — белгиски хемичар, кој го открил бакелитот.
1889 Џавахарлал Нехру — индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1901 Цирил Боуда — чешки сликар.
1922 Бутрос Бутрос Гали — египетски политичар и поранешен Генерален секретар на ООН.
1935 Хусеин I — крал на Јордан.
1941 Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946 Денко Малески — прв министер за надворешни работи на Македонија.
1984 Марија Шерифовиќ — српска пејачка.
1985 Томас Вермален — белгиски фудбалер.
1984 Винченцо Нибали — италијански велосипедист.
1993 Самуел Умтити — француски фудбалер.
1996 Борна Ќориќ — хрватски тенисер.
1997 Кристофер Нкунку — француски фудбалер.

Починале:

565 Јустинијан Iвизантиски цар.
1263 Александар Невски — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство.
1391 Никола Тавелиќ — хрватски светец.
1522 Ана де Божу — ќерка на Луј XI.
1716 Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар.
1831 Георг Вилхелм Фридрих Хегел — најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија.
1884 Алфред Едмонд Брем — германски природонаучник и зоолог.
1915 Андриј Лисенко — украински писател.
1946 Мануел де Фаља — шпански композитор.
1977 А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог.
1990 Адолф Рудницки — полски писател.
1992 Ернст Хапел — австриски фудбалер и тренер.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица