Набро (вулкан)

Набростратовулкан во јужниот дел на Црвено Море во Еритреја. Тој се наоѓа на југоисточниот крај на Данакилските Алпи во Данакилската Пустина[3]. Пред ерупцијата во 2011 година, вулканот се сметал за исчезнат.

Набро
Највисока точка
Надм. вис.2218 м [1]
Координати13°22′N 41°42′E / 13.37° СГШ; 41.70° ИГД / 13.37; 41.70[1]
Географија
Набро на карта

Карта

МестоРегион Црвено Море - југ, Еритреја
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув2011 до 2012[2]

Геологија

Како дел од падината Афар, вулканот Набро е еден од многуте вулкански комплекси од купи во североисточниот дел на Источноафриканскиот Расед. Двојните купи најверојатно се формирале за време на ерупција од околу 20 до 100 кубни километри, кои се состоеле од игнимбрит, иако датумот на нивното формирање е непознат. Субареалниот волумен на вулканскиот материјал во рамките на Набровскиот вулкански опсег е веројатно по редослед од 550 км3[4].

Ерупции

2011

Иако не поминал преку историски ерупции[5], вулканот Набро избувнал кратко по полноќ по месно време на 13 јуни 2011 година, по серија земјотреси до магнитуда од 5,7 степени во пограничниот регион Еритреја и Етиопија[5]. Пепелта била забележана на сателит кој се движел на запад-северозапад по должината на границата, и се протегал на околу 50 километри широчина и неколку стотици километри низ часовите веднаш по пријавената ерупција, а наводно достигнал височина до 15 километри[5].

На 13 јуни, Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, морала да го прекине патувањето во Етиопија поради облакот од пепел и кој движејќи се кон запад требал да влезе во атмосферата на земји како што се Египет, Јемен, Израел, Ирак, Јордан, Судан, Сомалија, Џибути и Саудиска Арабија.[6][7]

Облакот од пепел започнал да го нарушува воздушниот сообраќај, па поради тоа летовите на Емирејтс со седиште во ОАЕ биле откажани, заедно со летовите на Саудиска Арабија ерлајнс[8][9]. Меѓународниот аеродром Луксор во Луксор во Египет бил ставен на вонредна состојба[10].

2012

MODVOLC забележал на 9 април 2012 година дека е откриена топлинска аномалија на Набро и дека таквите аномалии биле откриени во текот на март. Активноста била фокусирана на ѕидот на северната купа со непознати податоци, но activolcans.info забележал дека може да се образува лавино езеро.

Наводи

Надворешни врски