На буква, на буква

квизовна игра каде зборовите треба да бидат напишани од одредена буква

На буква, на буква — игра со зборови каде играчите се обидуваат да наведат зборови што се вклопуваат во одредени категории, почнувајќи од иста буква.[1] Играчите започнуваат со одлучување за список на игра на зборови меѓу нив, како што се „град“ или „глумец“,[2] и секој го пишува тој список на лист хартија. Потоа по случаен избор се избира буква од азбуката, а играчите имаат одредено време да напишат нешто за секоја категорија што започнува со таа буква.[1]

Пример од лист од играта „на буква, на буква“, за буквата „Н“.

Кога ќе истече времето, играчите ги заменуваат листовите и ги постигнуваат обидите еден на друг. Записот единствен меѓу групата вреди 2 поени, додека записот споделен со друг играч добива 1 поен. Победник е играчот со најголем број. За следните кругови, се избира друга буква.[1]

Се вели дека претседателот на Соединетите Држави, Џон Кенеди бил обожавател на играта, а еден животопис го опишува неговото семејство дека ја играл „бескрајно“.[3]

Гугенхајм

Во варијантата позната како „Гугенхајм“, играчите пишуваат список на категории по еден раб од хартијата и пет колони низ неа, секоја колона на чело со различна буква за да биде пишан збор со пет букви.[1]

Комерцијални верзии

Комерцијалната игра „Факти во пет“ (изворно: Facts in Five) на дизајнерот на игри, Ричард Онанијан се заснова на еден опис на Кенеди играјќи „на буква, на буква“ во издание на списанието This Week од 1964 година,[4]

Играта Расштрканигории (изворно: Scattergories) на браќата Паркери од 1988 година е повторно применување на Гугенхајм, со 20-страна коцка што се користи за создавање случајни букви.[5]

Наводи

Надворешни врски