ОУ „Браќа Миладиновци“ - Жван

училиште во селото Жван

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Жван; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — единствено основно училиште во селото Жван, едно од трите основни училиште во Општина Демир Хисар. Училиштето се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, спроти самото село Жван.

Браќа Миладиновци

Поглед на влезот на основното училиште
Поглед на влезот на основното училиште
Место
Општина:Општина Демир Хисар
Нас. место:Жван
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано:1961
Директор:Менка Најдовска
Настава на:македонски
Контактни информации
Е-поштаbrakamiladinovcizvan@yahoo.com
Телефон047/271-501

Местоположба

Основното училиште е сместено во новата населба на селото Жван, веднаш на самиот регионален пат Кичево-Демир Хисар.[1]

Градба

Зградата на средишното основно училиште во Жван е изградена во 1961 година, а со настава е започнато на 1 септември 1962 година.

Познати личности кои учеле во ова училиште

Наводи

41°17′41″N 21°7′3″E / 41.29472° СГШ; 21.11750° ИГД / 41.29472; 21.11750