Петре М. Андреевски

македонски поет, романописец и раскажувач

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934Скопје, 25 септември 2006), попознат како Петре М. Андреевски— македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.[1]

Петре М. Андреевски
Роден/а25 јуни 1934
Слоештица, Демирхисарско, Кралство Југославија
(денес Македонија)
Починат/а25 септември 2006(2006-09-25) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Занимањепоет, романописец, раскажувач и драмски автор, академик
НационалностМакедонец
ПериодТрета генерација повоени македонски писатели
Значајни делаПиреј, Дениција
ДецаСергеј Андреевски
Гробот на Петре Андреевски во с. Слоештица

Животопис

Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност.[2][3] Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател)[4]. Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. По неговата смрт, на 9 октомври 2007 година, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, посмртно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Во 2022 година, во родното село Слоештица, е отворена Спомен-соба во чест на Петре М. Андреевски.

Книжевно творештво

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.[2]

Стихозбирки:

  • Јазли (1960)
  • И на небо и на земја (1962)
  • Дениција (1968)
  • Дални наковални (1971)
  • Пофалби и поплаки (1975)
  • Вечна куќа (1987)
  • Лакримариј (1999)

Збирки раскази:

Романи:

Книга со драми (1984), во која влегуваат:

  • Време за пеење
  • Богунемили

Есеи:

Стихозбирки за деца:

Интервјуа:

Награди

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати).[2][3] Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Наводи

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица