Опел Комбо

Опел Комбо — повеќефункционален автомобил од типот LAV, кој се произведува од страна на германскиот производител на автомобили Опел. Комбо за првпат се појавил во 1993 година, втората генерација била претставена во 2001 година, третата во 2011 година, која била врз основа на платформа на Фиат Добло. Името „Комбо“ претходно се применувало како наставка на каросерија на Опел Кадет Е од 1986 до 1993 година.

Опел Комбо
ПроизведувачОпел
Производство1986–денес
ПретходникБедфорд Бигл
Бедфорд Чеван
Бедфорд HA
Бедфорд Раскал
Опел/Воксхал Астра H
НаследникШевролет N200/N300
Класаминиван
Вид каросеријаВан

Опел/Воксхал се приклучиле на Група ПСА во март 2017 година, по кое следувало и претставување и на четвртата генерација Комбо, лансирана во март 2018 година, модел кој има иста платформата и каросерија на Пежо Рифтер и Партнер, како и на Пежо Берлинго.

Кадет Комбо (Комбо A; 1986–1993)

Кадет Комбо
Познат и какоБедфорд Астрамакс
Бедфорд Астраван
Воксхал Астраван
Воксхал Астрамакс
Производство1986–1993
СклопувањеПортугалија: Азамбужа
Обединето Кралство: Елсмир Порт
Класа3-врати ван
ПлатформаПлатформа GM T platform
СродниОпел Кадет E

Опел Кадет Комбо бил претставен во јануари 1986 година, а производството завршило во август 1993 година. Се засновал на малиот семеен автомобил Опел Кадет E. МОделот бил произведуван во Обединетото Кралство, Елсмир Порт, од страна на Воксхал до јануари 1989 година.

Во исто време, производството било пренесено во Азамбужа, Португалија и комбињата тогаш ги произведувал Опел. Во Германија, тој бил продаван со 1,3 литарски бензински мотор или дизел од 1,6 (подоцна 1,7) литар[1]. 1.3 бензинската единица потоа била сменета во 1,4.

Во Велика Британија, комбето со три врати било познато како Бедфорд и Воксхал Астраван, а комбето со висок покрив како Бедфорд Астрамакс, кое подоцна било продавано како Опел. Промената од Бедфорд во Воксхал се случило на 1 јуни 1990 година, бидејќи Бедфордс бил подобро познат како производител на потешки камиони[2].

Комбо B (1993–2001)

Комбо B
Познат и какоВоксхал Комбо
Холден Комбо (SB)
Шевролет Комбо
Шангај Авто
Производство1993–2001
2002–2005 (China)
СклопувањеПортугалија: Азамбужа
Вид каросерија3-врати ван
ПлатформаПлатформа GM4200
СродниОпел Корса B

Првата генерација на Комбо, лансирана во октомври 1993 година, се засновала на Опел Корса B, која пак била претставена шест месеци порано. Предниот дел е практично идентичен со Корса (освен спојлерот на покривот), но платформата (а со тоа и меѓуоскиното растојание и каросеријата воопшто) е продолжена за да се смести товарниот простор, способен да смести една палета во должина и ширина.

Комбо Б поседува симетрични задни врати што се отвораат на страна. Овие се сметаат како единствени „врати“ кога се однесува на стилот на каросеријата како три врати.

По зголемената популарност на возилата од овој тип, Опел лансирал пет патнички верзии на Комбо во 1995 година, наречени Опел Комбо Тур. Се разликувал од ван-верзијата на панелот со тоа што товарниот дел е опремен со странични прозорци, и три седишта за подесување на седиштето кое може да се преклопува.

Иако примарниот пазар на Комбо бил Европа, моделот исто така бил продавсн и на други континенти, на пазарите каде Џенерал моторс традиционално користи модели добиени од Опел. Бидејќи фабриката Азамбужа Опел во Португалија била единственото место за производство на сите комбинации од овој модел, сите тие биле заменети постепено со Комбо C во 2001 година.

Комбо, исто така, бил произведуван во релативно мал број од подружницата SAIC-SAIC-Yizheng како Шангај Авто, кој поседувал мотор од 1,6 литри и пет брзински рачен менувач како „Буик Саил“. Моделот се произведувал од 2002 до 2005 година, и била достапна врзијата ДеЛукс, со тркала од алуминиум и други додатоци[3].

Холден во Австралија ја лансирал серијата на Комбо во февруари 1996 година[4]. На пазарот бил понуден моторот со 1,4 литарски C14NZ, надграден на спецификацијата C14SE во 1997 година. Продажбата продолжила до 2002 година, иако последните комбинации биле произведени во 2001 година. Производството на Комбо завршило во август 2001 година.

Галерија

Имиња и пазари

  • Опел Комбо – Европа
  • Воксхал Комбо – Обединето Кралство
  • Холден Комбо – Австралија, Нов Зеланд
  • Шевролет Комбо – Чиле
  • Шевролет Саил-Кина

Мотори

  • 1.4L I4 8V 72 PS DOHC Ecotec (1996)
  • 1.6L I4 8V 86 PS DOHC Ecotec (1996)
  • 1.4L I4 16V 90 PS DOHC Ecotec (1997)
  • 1.6L I4 16V 105 PS DOHC Ecotec (1999)
  • 1.7L I4 8V 60 PS SOHC Circle-L Diesel (1996)
  • 1.7L DTİ I4 16V 100 PS DOHC Circle-L Turbo Diesel (2001) [се бара извор]

Комбо C (2001–2011)

Комбо C
Познат и какоВоксхал Комбо
Холден Комбо (XC)
Шевролет Комбо
Производство2001–2011
Склопување
  • Португалија: Азамбужа (2001–2006)[5]
  • Шпанија: Сарагоса (2007–2011)
Вид каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа GM Gamma
Меѓуоскино раст.2,715 mм (106.9 ин)
Должина4,332 mм (170.6 ин)
Ширина1,685 mм (66.3 ин)
Висина1,800 mм (70.9 ин)
СродниОпел Корса C
Опел МЕрива A
Шевролет Монтана

Втората генерација била лансирана на Саемот за автомобили во Франкфурт, во септември 2001 година[6]. Додека повеќето конкуренти ги прекинале врските со нивните поткомпактни врсници, „Опел“ одлучил повторно да го заснова возилото на „Корса“. Употребата на субкомпактна гама платформа ја ограничила целокупната ширина на возилото. Додека општата форма на каросеријата била ажурирана на модерниот „flush“ изглед, предниот дел се одделил со Корса.

Споредено со претходната генерација, Комбо C се здобил со лизгачки задни странични врати. Продажбата започнала во октомври 2001 година.

Воведена била и верзијата Опел Комбо Тур, проследена со Опел Комбо Тур Трамп, во обид да привлече купувачи на возила од овој тип. Опел Комбо Тур Трамп се сметал за повеќе од патно рекреативно возило.

Моделот се одликува со зголемено подесување за суспензија, капаци за заштита. Моделот со турбо мотор не бил понуден од Воксхал во Велика Британија. Комерцијалните ван верзии ги задржале симетричните задни врати, додека верзиите на Тур имаат опција за единечна задната врата (отворање кон врвот). Влезната врата е стандардна на Трамп.

Во декември 2006 година, фабриката Азамбужа, Португалија била затворена[7], и производството на „Опел Комбо“ било преместено во Сарагоса, Шпанија во 2007 година[8]. Холден во Австралија ја лансирал XC серијата на Комбо во септември 2002 година.[9]. На овој пазар бил понуден модел со 1,6 литарскиот мотор Z16SE, надграден на 1,4 литарската спецификација Z14XEP во декември 2004 година при фејслифтот.

Иако производството завршило на крајот на 2011 година, Холден во Австралија и Нов Зеланд собрале доволно инвентар на Комбо за да продолжат со производството до 2013 година. Во август 2013 година, CarAdvice објавил дека Холден Комбо нема да продолжи да се произведува и дека нема да биде заменет од Комбо D, кој веќе бил достапен за европскиот пазар[10].

Производството на овој модел завршило на крајот на 2011 година, кога бил претставен новиот модел Комбо D, кој е заснован на Фиат Добло[11].

Галерија

Имиња и пазари

  • Опел Комбо – Европа
  • Воксхал Комбо – Обединето Кралство
  • Холден Комбо – Австралија, Нов Зеланд
  • Шевролет Комбо – Чиле

Мотори

  • 1.3L 1.3 CDTI Ecotec
  • 1.4L I4 16V DOHC TwinPort Ecotec
  • 1.6L I4 8V SOHC Ecotec
  • 1.6L I4 16V DOHC CNG Ecotec
  • 1.3L I4 16V DOHC CDTI
  • 1.7L (Y17DTL) I4 16V DOHC DI 65 bhp
  • 1.7L (Y17DT) I4 16V DOHC DTI 75 bhp
  • 1.7L (Z17DTH) I4 16V DOHC CDTI 100 bhp (75 kW)

Комбо D (2011–2017)

Комбо D
Познат и какоФиат Добло
Воксхал Комбо
Рам ПроМастер Сити
Производство2011–2017[12]
СклопувањеТурција: Бурса (Тофаш)
Класаван
Вид каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа GM Fiat Small platform
Мотор1.4 L Fire I4 (бензин)
1.4 L Fire турбо-џет I4 (гас)
1.6 L CDTI I4 (дизел)
Пренос5-брзини (рачно)
6-брзини (рачно)
5-брзини (автоматско)
Меѓуоскино раст.SWB: 2,755 mм (108.5 ин)
LWB: 3,105 mм (122.2 ин)
ДолжинаSWB: 4,390 mм (172.8 ин)
LWB: 4,740 mм (186.6 ин)
ШиринаSWB: 1,832 mм (72.1 ин)
LWB: 1,832 mм (72.1 ин)
ВисинаSWB: 1,845 mм (72.6 ин)
LWB: 1,880 mм (74.0 ин)
СродниФиат Линеа
Фиат 500L
Опел Мерива B

Третата генерација Комбо била произведувана од декември 2011 до декември 2017 година, а се засновала на Фиат Добло. Третата генерација Комбо била произведувана во Турција од страна на Тофаш[13]. Продажбата започнала во јануари 2012 година.

Мотори

Бензин
МоделМоторЗафатнинаСилаВртежиЗабелешка
1.4 FIREI41368 cc95 PS (70 kW; 94 hp) @6000 врт/мин127 N•m (94 lb•ft) @4500 врт/мин2011–17
Гас
МоделМоторЗафатнинаСилаВртежиЗабелешка
1.4 FIRE CNG турбоI41368 cc120 PS (88 kW; 120 hp) @5000 врт/мин207 N•m (153 lb•ft) @3000 врт/мин2011–17
Дизел
МоделМоторЗафатнинаСилаВртежиЗабелешка
1.6 CDTII41598 cc90 PS (66 kW; 89 hp) @4000 врт/мин290 N•m (210 lb•ft) @1500 врт/мин2011–17
1.6 CDTII41598 cc105 PS (77 kW; 104 hp) @4000 врт/мин290 N•m (210 lb•ft) @1500 врт/мин2011–17

Комбо E (2018–денес)

Комбо E
Познат и какоПежо Рифтер
Цитроен Берлинго
Тојота Сити
Воксхал Сити
Производство2018–денес
Год. на модел2019–денес
СклопувањеПортугалија: Мангуалди) Шпанија: Виго)[14]
Класаминиван (M)
Вид каросерија4/5-врати
ПлатформаПлатформа PSA EMP2
Мотор1.2 L бензин THP
1.5 L дизел HDi/CDTI
Пренос6-брзини (рачно)
EAT8 (автоматско)
Меѓуоскино раст.2,780–2,970 mм (109–117 ин)
Должина4,400–4,750 mм (173–187 ин)

Четвртата генерација Комбо била претставена на Саемот за автомобили во Женева во 2018 година. Моделот е ист проект како Цитроен Берлинго и Пежо Рифтер и Партнер, бидејќи ПСА Групацијата го купил Опел во март 2017 година.

Галерија

Мотори

Бензински мотор
ТипЗафатнинаСилаВртежиМаксимална
брзина
Убрзување
0-100 -{км/ч}-
Потрошувачка
-{1.2 s}- [15]1196 cm340.5 -{kW}- @ 5600 -{rpm}-84 -{Nm}- @ 3600 -{rpm}-155 км/ч16.5 s6.6 -{l/100 км}-
-{1.3 gl}- [16]1297 cm344 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-94 -{Nm}- @ 3400 -{rpm}-160 км/ч157.2
-{1.3 gl }- 5 степ.[17]1297 cm344 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-94 -{Nm}- @ 3400 -{rpm}-160 км/ч157
-{1.3 ls sedan }- 5 степ.[18]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-170 км/ч13.56.8
-{1.3 s gls}- [19]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-170 км/ч136.9
-{1.3 s gls }- 5 степ.[20]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-170 км/ч136.8
-{1.3 s ls sedan}- [21]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-170 км/ч13.56.9
-{cabriolet 1.6 s}- [22]1598 cm360 -{kW}- @ 5400 -{rpm}-130 -{Nm}- @ 2600 -{rpm}-6.8
карав. -{ 1.2 ls}- [23]1196 cm340.5 -{kW}- @ 5600 -{rpm}-84 -{Nm}- @ 3600 -{rpm}-150 км/ч17.57.1
карав. -{ 1.3 s }- 5 степ.[24]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-166 км/ч147
карав. -{ 1.3 s ls}- [25]1297 cm355 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-101 -{Nm}- @ 4200 -{rpm}-166 км/ч147.2
-{gsi}- [26]1796 cm385 -{kW}- @ 5800 -{rpm}-151 -{Nm}- @ 4800 -{rpm}-203 км/ч98
-{gsi 16v}- [27]1998 cm3115 -{kW}- @ 6000 -{rpm}-207 -{Nm}- @ 4800 -{rpm}-217 км/ч7.77.4
Воксол астра -{1.8 sri}- [28]1796 cm382 -{kW}- @ 5600 -{rpm}-158 -{Nm}- @ 3000 -{rpm}-195 км/ч9.37.7
Воксол астра -{2.0 gte}- [29]1998 cm395 -{kW}- @ 5600 -{rpm}-180 -{Nm}- @ 4600 -{rpm}-206 км/ч8.57.7
Дизел мотор
-{1.6 d gl sedan}- [30]1598 cm340.5 -{kW}- @ 4600 -{rpm}-96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}-152 км/ч19.56.1 -{l/100 км}-
-{1.6 d ls}- [31]1598 cm340.5 -{kW}- @ 4600 -{rpm}-96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}-150 км/ч195.9
карав. -{ 1.6 d ls}- [32]1598 cm340 -{kW}- @ 4600 -{rpm}-96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}-147 км/ч216
карав. -{ 1.6 d ls }- 5 степ.[33]1598 cm340 -{kW}- @ 4600 -{rpm}-96 -{Nm}- @ 2400 -{rpm}-147 км/ч215.7

Наводи

Надворешни врски