ПМГ колектив

ПМГ колектив или „Прогресивна мултимедијална група“ е артистичка организација што постои и активно работи во рамките на македонската популарна култура од август 1995 година.[1]

ПМГ колектив
PMG Collective
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровидиско-панк, пост-индустриал поп, рок, пост-панк, њу вејв, денс-рок, авантуристички поп, електро-поп
Период на активност1995 година - денес
Мреж. местоhttps://pmgrecordings.com/artists.php?id=4
Членови
Мирко Попов
Синиша Ефтимов
Александар Гавровски - Гачо
Теа Шалдева
Поранешни членови
Поранешни / Повремени членови:
Горан Атанасовски-Роботек
Љупа Ангелов
Васко Атанасоски
Здравко Кеврешан

Настаната на скопските улици и развивана пред очите на јавноста, таа е веројатно една од највлијателните алтернативни формации одговорна за широк спектар „културни“ акции. Огромен број музичари, диџеи, театарски режисери, актери, дизајнери, сликари, хакери и пријатели поминале низ Колективот или се сè уште дел од него.

Историја

ПМГ Колектив (скратено ПМГ), кој на некои настани се најавува и како ПМГ Колектив, како протобенд започнал уште во 1997 година, преработувајќи ја песната Ајде да летаме на бендот Балкан експрес, со Каролина Гочева како вокал. Првата авторска тема била создадена по една година, песната Бернард Панасоник. Обете се снимени во домашни услови, на компјутер, а на носач на звук се појавувле по многу години, на компилациското цеде на „ПМГ Рекордингс“ по повод 20 години од формирањето на Колективот.

Како модерен диско-панк или пост-индустриал поп бенд започнал со работа во 2003 година, со промовирањето на песната Скопјанка. Видеото за неа било еден од највртените македонски спотови во тој период. Мирко Попов како вокал, Горан Атанасовски-Роботек на синтисајзери и Љупа Ангелов на гитара го афирмирале ПМГ како еден од бендовите предводници на новата македонска музичка сцена.

Првото претставување на ПМГ пред публика било на 14 декември 2005 година, во рамките на фестивалот „Таксират“.

Во 2006 година бендот имал концертни настапи низ државата, а на 4 април 2007 година, ПМГ за првпат се претставиле надвор од Македонија, со концерт во Белград.

Во февруари 2008 година ПМГ го објавил цеде-то Ние сме од Скопје, кое содржи три нови композиции и дури шест ремикси на насловната тема изработени од колеги од сцената. Веднаш по официјалната објава, во периодот од 14 февруари до 1 март, групата заминала на својата прва балканска турнеја „U2R“ и одржала 12 концерти во 4 држави: Србија, Словенија, Босна и Хрватска.

Есента 2008 година, ПМГ почнале со снимање на првиот концептуален албум на бендот. Од десет теми, три се отпеани на англиски јазик. Концертната промоција на албумот Пријателски оган се случила на 9 јануари 2009 година, по што се случила екс-ју турнеја со шест концерти во периодот од 22 јануари во Сараево, до 31 јануари 2009 година во Зрењанин.

Албумот Да 4 во музичките продавници се појавил на 2 април 2010 година, а во септември 2010 година, членовите на ПМГ го објавиле новиот сингл (со спот), нивно видување на Луѓе од градови од „ЕКВ“. По некој месец, во февруари 2011 година бил снимен новиот, четврти студиски албум, А векот така добро започна. Единаесетте песни што се дел од него, биле снимени во живо, за првпат во кариерата на бендот, во студиото „Chicken Madness“ на Гоце Стевковски. За дизајнот на албумот се погрижила актерката Николина Кујача. Комплетен автор на текстовите бил Мирко Попов, и за првпат еден албум на ПМГ во целост бил отпеан на македонски јазик. И овој материјал бил пост-панк.

Самостоен концерт и комплетна промоцијата на албумот А векот така добро започна, ПМГ одржал на 24 декември 2011 година во МКЦ, во склоп на неколкумесечната прославата на 20-годишнината од постоењето на музичкото радио „Канал 103“. На концертот ја промовирале и својата нова песна, македонскиот евергрин на Александар Џамбазов Штом те видам, направена во соработка со Дарко Јорданов.

Во ноември 2012 година го објавиле албумот Klan Secular.

Во 2015 година следувале два сингла: преработката на Ретко те гледам со девојки од „Идоли“ и Ти си мојот свет.

На 4 декември 2015 година, во рамките на оф-програмата од седумнаесеттото издание на фестивалот „Таксират“ во МКЦ во Скопје, организирана била голема музичка прослава под наслов „20 години те сакам“, со која се одбележале 20 години од постоењето на ПМГ колектив и 10 години од првиот концерт на бендот ПМГ.

Во мај 2017 година, „ПМГ рекордингс“ објавил целосен албум на ПМГ, издание со само 7 песни, а една од нив, Sex Rap!, Мирко Попов ја напишал и отпеал во дует со Кристина Горовска од Бернајс пропаганда.

Дискографија

Албуми

НасловНосач на звукИздавачка куќаГодина
RezonatorCDPMG Recordings2007
Ние Сме Од СкопјеCDPMG Recordings2008
Disko BandCDPMG Recordings2008
Пријателски ОганCDPMG Recordings2009
Да 4CDPMG Recordings2010
А Векот Така Добро Започна=So Last SencturyCDPMG Recordings2011
Klan SecularCDPMG Recordings2012
80tiCDPMG Recordings2014
#ExYouCDPMG Recordings2015
SkopjeCDPMG Recordings2016
SkopjeLPPMG Recordings2017

Компилации

НасловНосач на звукИздавачка куќаГодина
V.A. - Macedonia Class Of 2000 / Pop star (ПМГ vs Robotek)CDPMG Recordings2000
V.A. - Зависна Листа.МК – Нов Бран / СкопјанкаCDPMG Recordings2005
V.A. - Нов Бран.два / МанекенкиCDPMG Recordings2006
V.A. – Bastion Works & Rew››works / ХоливудCDAG Records2007
V.A. - Нов Бран V 3.0 / Somnitelno liceCDPMG Recordings2007
V.A. - Време Е Да Пораснам / Disko bandCDPMG Recordings2008
V.A. - Ако Никој Не Свири...Во Живо На Стотројка / МанекенкиCDStotrojka2008
V.A. - Ова Не Е Диско / KontrolCDPMG Recordings2009
V.A. - Smoke And Spotlight Vol.5 / KontrolДигитално изданиеDeath-rock.de (Германија)2010
V.A. - Macidonia Class Of 2015 / Kultura (Kanton6 Dance Megamix)CDPMG Recordings2015
V.A. - 20 Години Те Сакам / Ovaa nokj (Thee 99% Mix); Igraj (Galatheia Mix); Bernard Panasonic; 24 chasa; Ajde da letame (feat. Karolina)CD + BookPMG Recordings2015
V.A. - MIDEM 2016. Taste The Music From Macedonia / Ti si mojot svetNot On LabelPMG Recordings2016

Наводи

Надворешни врски