Пајне

Пајне (германски: Peine) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместен на реката Фузе и на Средногерманскиот Канал.

Пајне

Peine

Плоштадот во Пајне
Плоштадот во Пајне
Плоштадот во Пајне
Знаме на Пајне
Грб на Пајне
Пајне во рамките на Германија
Пајне
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругПајне
ГрадоначалникМихаел Кеслер (СДП)
Основни податоци
Површина119,51 км2
Надм. височина68 м
Население50.249 (31 декември 2020)[1]
 - Густина420 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.PE
Пошт. бр.31224–31228
Повик. бр.05171
Порталwww.peine.de
Местоположба на градот Пајне во рамките на округот Пајне
Карта
Карта
Координати52°19′13″N 10°14′1″E / 52.32028° СГШ; 10.23361° ИГД / 52.32028; 10.23361

Претставува административно седиште на истоимениот округ, околу 25 километри западно од Брауншвајг и 40 километри источно од Хановер.

Географија

Местоположба

Пајне се наоѓа на реката Фузе помеѓу планинскиот масив Харц и Линебуршкото Поле и со тоа помеѓе двата најголеми града во Долна Саксонија, 40 километри западно од Хановер и 25 километри источно од Брауншвајг. Други поголеми градови во околината се Хилдесхајм, Залцгитер, Гифхорн, Волфсбург и Целе.

Градот има површина од 119,51 км2 и со тоа густина на населеност од 417 жители на км². Нејзината највисока точка изнесува 70 метри.

Клима

Пајне се наоѓа под мешано влијание на океанска и континентална клима.

Градски единици

Места на Пајне
МестоЖители[2]
Пајне-Центар25.088
Беркум294
Дунгелбек1.839
Дутенштет963
Ајксе621
Есингхаузен1.783
Хандорф888
Рерзе260
Розентал1.054
Шмеденштет983
Швихелт1.250
Штедердорф5.440
Ферум/Ландвер6.919
Вендесе151
Волторф1.991

Самиот Пајне-Центар (Кернштат) — составен од девет статистички окрузи:[2]

  • Иненштат
  • Машланд
  • Гунцелинфелд
  • Валцверк
  • Зидштат
  • Зимонштифтунг
  • Зидлихе Ауе
  • Телгте
  • Нердлихе Ауе/Херцберг

Историја

Декрет од 1130 година го спомнува Бертолд фон Пагин, од кого потекнува името на градот. Замокот Пајне потекнува од тоа време или порано.

Во 1201 година, Хилдесхајмската хроника го опишува несогласувањето помеѓу епископот Хартберт од Хилдесхајм и браќата Екберт и Гунзелин фон Волфенбител. Гунзелин преовладал во кавгата и ја презел власта над замокот Пајне и околината.

Јужно од замокот, Гунзелин го основал градот Пајне во 1218 или во 1220 година. Во 1223 година, населбата ги добила градските права. Грбот на Гунзелин станал градски симбол.

Во 1256 година, Пајне бил освоен од војводата Албрехт од Бауншвајг-Линебург и по смртта на Гунзелин во 1260 година, неговите синови го изгубиле Пајне од епископот на Хилдесхајм.

Отон I од Брауншвајг-Линебург, епископ на Хилдесхајм, 1260–1279, му ги дал замокот, градот и околината на Пајне на Ведекинд фон Попенбург како феуд.

Исто така, во 1260 година, Пајне покрај пазарски права, добил и право да кова монети.

Познати луѓе

  • Фридрих фон Боденштет (1819–1892) — писател
  • Рудолф Ото — протестантски теолог
  • Фриц Хартјенштајн — СС командант
  • Соломон Перел — израелски писател

Политика

Меѓународни односи

Збратимени градови

Пајне е збратимен со следниве градови:

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски