Финска

држава во Северна Европа

Финска (фински: Suomi; шведски: Finland), или службено Република Финска (Suomen tasavalta; Republiken Finland) — нордиска земја во Северна Европа, заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија. Оландските Острови, во близина на југозападниот брег се под фински суверенитет, но имаат и екстензивна автономија. Името на Финска на фински јазик е Суоми, додека на шведски е Финланд. Финска има 5 милиони население сместено на територија на триста и четириесет илјади квадратни километри, што ја прави 162 по густина на население во светот. Се рангира тринаесетта во индексот на човековиот развој на Обединетите Нации во 2005.

Република Финска
Знаме Грб
Химна
Maamme  (фински)
Vårt land  (шведски)
"Нашата земја"

Местоположбата на  Финска  (темнозелено) – на Европскиот континент  (зелено и темносиво) – во Европската Унија  (зелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Финска  (темнозелено)

– на Европскиот континент  (зелено и темносиво)
– во Европската Унија  (зелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Финска  (темнозелено)

– на Европскиот континент  (зелено и темносиво)
– во Европската Унија  (зелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Хелсинки
60°10′N 024°56′E / 60.167° СГШ; 24.933° ИГД / 60.167; 24.933
Службен јазик фински шведски
Признаени регионални јазици лапонски
Демоним Финци

(Финец/Финкинка)

Уредување парламентарна република
 •  претседател Александар Стуб
 •  премиер Петери Орпо
 •  претседател на парламент Јуси Хала-ахо
Законодавство парламент
независност
 •  автономија
во Руската Империја
29 март 1809 
 •  независност
од СССР
6 декември 1917 
 •  прва призната
од СССР
4 јануари 1918 
пристапила во ЕУ 1 јануари 1995
Површина
 •  Вкупна 338,424 км2 (64-та)
 •  Вода (%) 10
Население
 •  проценка за 2024 г. 5,882,000 
 •  Густина 16 жит/км2 (201-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $562.8 милијарди 
 •  По жител $86,884[1] 
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $321.4 милијарди[1] 
 •  По жител $56,660[1] 
Џиниев коеф. (2024)22.7[2]
низок
ИЧР (2024) 0.944[3]
многу висок · 19та
Валута евро (EUR)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Датумски формат д.м.гггг
Се вози на десно
НДД
Повик. бр. +358
а. се користи и .eu.
Карта на Финска.

Најголемиот дел на Финска е низок, благо ридест, шумовит крај со многу езера. Има околу 60.000 езера, реките се користат за пренесување на дрва. Големо економско значење имаа и пловните канали. Најголемо природно богатство се шумите и затоа главно место во индустријата зазема преработката на дрва, производството на хартија, мебел и целулоза. Во густо населената приморска област се развил Хелсинки, главниот град и најголемо пристаниште со развиена индустрија.

Финците припаѓаат на угро-финската група народи и зборуваат на фински јазик. Во 1995 Финска станува членка на Европската Унија.

Етимологија на име

Историја

Географија и клима

Финска е држава која се наоѓа во Северна Европа.Во јужниот и северниот дел планините се со бор, даб, јавор и други. Просечната јулска температура е 16 °C, а во февруари -9 °C. Количината на снежни и дождовни врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во Јужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.

За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 m². Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3.000 острови и зафаќа површина од 1.000 m². Најголема река е Боуксен.

Политички систем

Религија

Верници во Финска
лутеранци
  
73,8 %
Православни
  
1,1 %
Други
  
25,1 %

Административна поделба

Република Финска има 19 региони:

Стопанство

Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Финска (1990-2013)[4]

1990-19981999-20072008-20131990-2013
ЕУ2,5%-0,1%1,7%
Финска1,4%3,6%-0,3%1,8%

Култура во Финска

Музика во Финска

Спорт во Финска

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Општо
Влада
Карти
Патување
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица