Периволи

село во Гребенско, Егејска Македонија

Периволи (грчки: Περιβόλι; влашки: Perivoli) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011), сочинето од Власи.[2]

Периволи
Περιβόλι
Поглед на селото од исток
Поглед на селото од исток
Периволи is located in Грција
Периволи
Периволи
Местоположба во областа
Периволи во рамките на Гребен (општина)
Периволи
Местоположба на Периволи во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 39°59′N 21°7′E / 39.983° СГШ; 21.117° ИГД / 39.983; 21.117
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаПериволи
Надм. вис.&100000000000012800000001.280 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно21
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото се наоѓа околу 30 км југозападно од градот Гребен, на планината Лигос, дел од венецот Пинд, на надморска височина од 1.280 м. Периволи е сместено на 7 км јужно од Авдела, крај изворите на една од притоките на реката Венетик.[2]

Јужниот дел на селскиот атар припаѓа на националниот парк „Пинд“.

Историја

Во Отоманското Царство

Панорама на Периволи во 1898 година, фотографирано од браќата Манаки

Главната знаменитост во селото е црквата „Св. Никола“, сместена надвор од селото крај патот што води за Гребен.[3] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од XVIII век.[4]

Во XIX век Периволи било големо влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Периволи живееле 1.800 Власи.[5] Според грчка статистика од 1904 година во Периволи живеат 850 влахофони, од кои 85 се „Романци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Периволион (Периволја) се води како чисто влашко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 300 куќи.[7]

До 1912 година, четата на андартскиот капетан Јорко Чокардани дејствувала во селото.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.354 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 21. Тоа се должи на фактот што пописот во таа година е извршен во декември, кога речиси сите семејства од селото се наоѓале на зимување во Тесалиското Поле.[2]

Селото тешко настрадало за време на Граѓанската и Втората светска војна.[2]

Стопанство

Населението традиционално се занимава со сточарство.[2]

Население

По Граѓанската војна селото практично се испразнило и не почнало да се населува во поголема мера сè до 1980-тите. Оттогаш, населението бележи пораст и повторен пад.

Во пописот од 1951 година, селото било забележано со 26 жители, во 1961 година со 15, во 1971 година со 5, во 1981 година со 165, а во 1991 година со 312 жители.[2]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население6992615516531245421
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 137 квадратни километри. Општината Периволи била приклучена во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.[2]

Селото припаѓа на општинската единица Периволи со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Периволи, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во XVIII век;
  • Црква „Св. Никола“ — манастирска црква изградена во 1803 г.

Личности

Штерјо Апостолина

Родени во Периволи

  • Георге Пердики (1913 - 1966) — писател
  • Димитру Константинеску (1848 - ?) — свештеник
  • Зисис Вракас (1857 - ?) — гркомански андартски капетан
  • Јорко Чокардани (? - 1918) — гркомански андартски капетан
  • Константин Скрима (1918 - 1983) — писател
  • Штерјо Апостолина — револуционер

По потекло од Периволи

  • Зои Папазиси-Папатеодору (р. 1950) — фолклористка, по потекло од Периволи

Иселеништво

Најголем дел од жителите на селото се имаат преселено во поголемите градови во Грција, но тие исто така се преселиле низ цел свет, особено во САД и Европа, каде што се занимаваат со трговија и со доходни занаети. Тие имаат свои друштва преку кои ја одржуваат традицијата на своите предци.[2]

Наводи

Надворешни врски